Роналдо потпиша за Шпанија
„Кристијано Роналдо е вистински патриот и со цел да ги реши финансиските проблеми на Протугалија, тој и беше продаден на Шпанија за 160 милиони евра", пред неколку година напиша британскиот Independent.
Според текстот, долговите на Португалија изнесувале 12 милијарди евра, па владата решила да го продаде Роналдо на Шпанија.
Ова е прв трансфер помеѓу две држави и се коси со правилниците на ФИФА, но според Independent,
Откако британците дознале за овој трансфер, премиерот Дејвид Камерон дури се обидел и да го предомисли и на Португалија и понудил 200 милиони фунти за тој да настапува за Англија.
Диего Марадона се сели во Русија
Во 1988-та година рускиот весник Izvestia сензационално соопшти дека Диего Марадона кој ја предводеше Аргентина на Светското првенство, ќе потпише за Спартак Москва.
Мистериозниот трансфер на Ренџерс
Во 2003-та година шкотскиот шампиони Ренџерс на својата официјална вебстрана го објави трансферот на Yardis Alpolfo од Галатасарај.
Секако тој беше измислен фудбалер, а неговото име Yardis Alpolfo е всушност анаграм од April Fools Day.
Шут за 100.000 долари
На први април 2010, НБА тимот Денвер Нагетс му даде шанса на еден свој навивач да освои 100.000 долари со шут од пола терен.
Публиката доби инструкции да реагира како тој да погодил, по што „среќникот" бурно прослави пред маскотата да му го покаже чекот на кој што наместо сумата пишуваше дека тој бил измамен.
По натпреварот беше соопштено дека тој бил актер, па всушност тој не бил измамениот, туку публиката.