Само еден ден по победата во финалето против Новак Ѓоковиќ, а пред напуштањето на хотелската соба Надал открил дека останал без часовникот вреден 300.000 евра.
Скапоцениот часовник произведен од компанијата Ришар Мије му бил позајмен на шпанскиот тенисер, кој го носел во текот на мечевите на Ролан Гарос и е дел од спонзорскиот договор, кој Надал го има со компанијата.
За исчезнувањето на часовникот веднаш била повикана полиција, која по извршениот увид констатирала дека нема никакви траги на насилно отворање на вратата од собата и во моментов не е јасно, кој успеал да го украде скапоцениот часовник.