На Летните олимписки игри во Париз (26 јули - 11 август), Македонија ќе ја претставуваат шестмина спортисти и четворица судии.
Откажа Ева Петровска поради болест, која требаше да настапи во дисциплината 800 метри слободно.
Наши знаменосци на отворањето закажано за в петок, ќе бидат атлетичарот Дарио Ивановски и таеквондистката Милјана Рељиќ.
Натпреварувачи
Дарио Ивановски (атлетика, маратонска трка) – 10 август.
Владимир Егоров (Борење до 57 кг, слободен стил) – 8 август.
Никола Ѓуретановиќ (пливање, 400 метри слободно) – 27 јули.
Анастасија Мојсовска (стрелаштво, 10 метри воздушна пушка) – 27 јули
Еди Шерифовски (џудо) – 30 јули
Мила Рељиќ (теквондо) – 7-10 август
Судии
Ѓорѓи Начевски и Славе Николов (ракомет)
Иван Михајловски (триатлон)
Анета Павловска (тенис)