За Коко Јошизава, Олимписките игри во Париз се завршени на најдобар можен начин.
Освои златен медал и со 14 години стана трета најмлада натпреварувачка со злато во историјата на Летните Олимписки игри.
Јошизава, родена на 22 септември 2009, собра 272,75 поени од нејзините три најдобри возења.
Лиз Акама, која има 15 години, собра 265,95 и го освои среброто, а Рајса Леал со 253,37 поени заврши со бронза.
Инаку Јошизава е втора најмлада јапонска натпреварувачка која освоила злато на Олимпијада. Прва е Момиџи Нишија, која во Токио 2020 го освои првото место во женски училен скејбординг на 13 години и 330 дена.
За да се стигне до најмладата во историјата, треба да се вратиме во Берлин 1936, Хитлер кога бил на власт.
Тогаш е запечатен тој рекорд, кој и ден денес го држи Американката Марџори Гестринг, најмлада освојувачка на златен медал на Летни Олимписки игри, која победи во нуркање на 13 години и 268 дена.
Инаку најмлада освојувачка на олимписко злато, ако се сметаат и ЛОИ и ЗОИ, е Ким Јун Ми од Јужна Кореја, која победи во дисциплината штафета во брзо лизгање на кратки патеки на 3.000 метри со 13 години и 85 дена. Тоа се случи во Лилехамер 1994, запис влезен во Гинис.
Congrats to these 3 for putting on a show in Paris! The progression that we’re watching happen in real time is incredible 👏👏👏
— Street League Skateboarding (@StreetLeague) July 28, 2024
🥇 Coco Yoshizawa
🥈 Liz Akama
🥉 @rayssaleal
📸 - @SamsungBrasil pic.twitter.com/xQKEqK4vs3