Шестата и претпоследна етапа од Светската серија на скокови од големи височини (Red Bull Cliff Diving) за прв пат се одржа на шпанско тло, овој пат на 27. метри високиот мост Ла Салве во Билбао.
И покрај тоа што беше втор, зад Артем Сличенко од Русија кој собра 522,40 поени, Британецот Гери Хант ја одбрани титулата, освоена минатата година. Во генералниот пласман, Хант има 910 бодови, второпласиран е Сличенко со 680, а трет е Американецот Стивен Лобуе со 660 освоени бодови.
„Задоволен сум од вертикалните потези, со кои освоив десет поени. Се гледаат резултатите од напорната работа со која добив повеќе на физичка сила. Сакам сезоната да ја завршам уште подобро и пред последната рунда во Мексико, ќе се вратам во Русија за да ја оддржувам формата. Атмосферата во Билбао беше фантастична", изјави победникот Артем Сличенко.
Натпреварите досега се одржуваа во Хавана (Куба), Форт Ворт (САД), Инис Мор (Р. Ирска), Крагеро (Норвешка), Азорес (Португалија) и Билбао (Шпанија).
Следната и последна етапа ќе се одржи во мексиканскиот град Јукатан на 18. октомври.