Холандскиот тенисер го приреди најголемото изненадување на Отвореното првенство на САД затоа што како практично анонимен, 74-ти тенисер на ранг листа во 2. коло го елиминираше големиот фаворит и поранешен шампион на овој турнир Карлос Алкараз после 140 минути игра.
Ботик Ван де Зандшулп го одигра мечот на кариерата и во следното коло ќе се сретне со Британецот Џејк Дрејпер. Особено фантастично Ван де Зандшулп го одигра првиот сет кога со 6:1 го збриша Алкараз на теренот.
Botic van de Zandschulp just knocked Carlos Alcaraz out of the US Open! pic.twitter.com/QK3ZrkoPgx
— US Open Tennis (@usopen) August 30, 2024
Холанѓанецот со голема борба и врвен тенис ги освои и следните два сета и го приреди најголемото изненадување на сезоната во тениската календарска година. Интересно, тој стана самио првиот Холанѓанец уште од 1991-ва година кој победил фаворит и носител на УС Опен.
BOTIC VAN DE ZAND-STUNNER pic.twitter.com/3z1U95zJhP
— US Open Tennis (@usopen) August 30, 2024
Ова е сигурно најголем триумф во неговата кариера но тој после дуелот ги шокирал новинарите кога рекол дека наскоро би можел да се пензионира.
„Да, тоа е точно. Бев на Ролан Гарос. После Ролан Гарос земав неколку слободни недели. Не играв во тој период, а после играв на Вимблдон. Ете, се појавував и на турнири во Европа. Тенискиот тур е многу тежок. Може да играте добро но со таа игра ќе одиграте два меча во недела. Ако не сте носител на турнирот може да ви дојде, да кажеме, Синер во прва рунда, па после пак Синер во прва рунда. Може да играте добро но да изгубите толку многу натпревари. Ми беше потребна самодоверба од победите. Тоа го направив. После Вимблдон играв неколку челенџери во Европа. Се обидов да влезам во серија од повеќе натпревари.
Мислам дека најтешкиот период е зад мене. Паднав од 25-то на 70-то место а тоа значи дека веќе не сум носител. Секако како што реков размислував и за пензија. Така тогаш се одвиваа работите. Минатата година доживеав повреда. И натаму имам проблем со повредата од минатата година. Постоеше шанса да прекинам да играм. Ќе дадам се од себе до крајот на годината па ќе видиме како ќе се одвива. А мислата за пензија беше сериозна да“.
Интересно Ботик ван де Зандшулп досега три пати играл против Карлос Алкараз. Два пати изгуби, еднаш во Мелбурн 2021 а после и во Базел во 2022.