Ракомет

Цепелин на денот

13 кратниот првак на Полска и европски шампион од 2016-та изведе нешто на кое би му аплаудирале и Кире, Тале, Фичо и компанија, познати по ваквите атракции. Имаме троен цепелин во режија на Кјелце, тимот каде замина Душебаев, а од следна сезона ќе игра и Циндриќ. 

Пораз на Вардар во Нант, меч топката за четвртфинале во Скопје

Актуелниот европски шампион не ја искористи првата можност да удри печат на првото место во групата и да осигура директен пласман во четвртфиналето. Вардар поразен од Нант 27-26 (18-12).

Прв пораз на Вардарки во Лига на шампиони

По извонредната серија од девет натпревари, ЖРК Вардар се соочува со првиот пораз сезонава во елитното натпреварување. Ништо страшно. Избраничниките на Дибирова остануваа први на табела.

Лекиќ во ЖРК Вардар заработува 45 македонски просечни плати

Две ракометарки на Вардар влегуваат во листата на топ 5 најплатени ракометарки во светот. Конечно дознавме нешто за темата која кај нас се чува како државна тајна.

Победа на Вардар за чекор кон четвртфинале

Актуелниот европски првак ја оправда фаворитската улога против Пиг Сегед потешко од очекувањата. Шоу на Тимур Дибиров кој го наполни голот на Унгарците со 11 погодоци.

Барселона ја сопре вардаровата машинерија

По 10 кола непобедливост, ракометарите на Вардар го запишуваат првиот пораз сезонава во Лига на шампиони и тоа од каталонскот тим против кој во полуфиналето во Келн ја почнаа серијата без пораз на 15 средби во елитата.

Девет од девет за Вардарки, Комити со порака до девојките

Дуелот меѓу Вардар и Будуќност во претходните сезони важеше за мега дерби, но веќе извесно време девојките во црвено-црно лесно го победуваат црногорскиот шампион.

Германски маскоти застанаа на гол за да го тролаат Вујо

Селекторот на Словенија Веселин Вујовиќ на неодамнешното Европско беше бесен поради судењето на мечот против Германија за која беше досудено пенал во финишот и во знак на протест застана да брани. Германците направија пародија од целата таа напната ситуација.

Толку од моќниот ЖРК Вардар, ѕвездите дефинитивно си заминуваат

По неодамнешните најави на некои медиуми, стигна и официјална потврда од клубот. Најдобрите ракометарки на Вардар ја играат последната сезона во Јане Сандански. Тимот ќе го менува ликот.

Опасен штос му направија на Борко од пенал

Францускиот ракометар Јоан Боаседи кој на прва ни заличи на Жибрил Сисе, му продаде ептен јака финта на нашиот Борко Ристовски. Нема што, ова можеби ќе биде прогласен за пенал на годината во Шпанија.

И Вардарки знаат со цепелини

ЖРК Вардар му одржа час по ракомет на германскиот првак Битигхајм и го потопи со 12 голови разлика. ЕХФ издвои еден атрактивен момент од оваа средба и го смести во топ 5 голови на сезоната. Тоа е цепелинот во изведба на Пенезиќ - Лакрабер.

ЖРК Вардар не знае за доста, го понижи Битигхајм со +12

Ракометарките на Вардар продолжуваат да газат во Лигата на шампионите и со денешниот убедлив триумф на гостувањето во Германија стигнаа до 6 од 6. Ниту една друга екипа нема таков скор.

Германски ракометари ја грмат „Излези момче“

Соиграчите на нашиот репрезентативец Ацо Јоноски од германскиот СГ Ратинген 2011 уште се под импресии од навивањето на македонската публика на Европското првенство кое го следеле во живо. Од глава не им излегува најголемиот хит на трибините.

Кој е Шпанецот кој ќе го замени Раул на кормилото на Вардар

По истекот на оваа сезона, навивачите на Вардар ќе се збогуваат со човекот кој им ја донесе европската титула, со таа утеха што ќе ни остане селектор. Неговото место всушност го презема неговиот асистент кој се надеваме дека има впиено нешто од Раул.

Професорката што го научи Раул Гонзалес македонски

Сања Таневска е дипломиран професор по македонски и шпански јазик, професија која што ја доведе да седне на маса и да му предава на професорот по ракомет, „Ел Команданте“ Раул Гонзалес. Ни раскажа каков е тој одблизу.

Мајсторијата на Столе, еден од белезите на ЕП

По 17 дена ракомет, ЕХФ направи ретроспектива со најубави моменти кои го одбележаа Европското првенство во Хрватска. Во тие 90 секунди влегоа маестралниот погодок на Столе Стоилов без да гледа во голот на Германците, како и верните македонски навивачи.

Феноменалната одбрана на господинот Арпад Штербик

Со 8 интервенции сите во вториот дел, Штербик е прогласен за најдобар играч на финалето на Европското првенство. Тој е единствениот ракометар кој ја освоил МВП наградата на едно финале на ЕП и СП. Кој би рекол дека овој човек има 38 години. Рипна од фотеља, и се приклучи на селекцијата на Шпанија пред три дена и ја крена ногата до небо.

Вардарки маршираат кон четвртфинале, поразен францускиот првак

Импресиите од машкото Европско полека слегнуваат, па затоа тука се ракометарките на Вардар да нè потсетат на нивниот поход кон круната европски шампион.

Македонија против Романија ќе се бори за Светско 2019

За време на фантастичниот викенд во Загреб со кој се заокружува Европското првенство во ракомет, се одржи и ждрепката за следното Светско првенство 2019-та кое официјално ќе се отвори на 10. јануари следната година во Берлин.

Ритуалот на ракометарите на Нов Зеланд

Додека Хрватска е домаќин на најдобрите 16 селекции од стариот континент, во Сувон, Јужна Кореја се одржува Азиско ракометно првенство, на кое учествуваат и Австралија и Нов Зеланд. Овие последниве имаат несекојдневно и специфично шоу пред натпревар.

Со кого може Македонија да игра во баражот за Светско

Уште несредени впечатоците од Еврошампионатот во Хрватска кој финишира во недела, веќе се зборува за Светско ракометно првенство. Во јануари следната година пак ќе се дружиме со нашите јунаци кои треба да минат низ само еден двомеч.

Бестрашната ракометна селекција на Македонија

Иако покажаа две лица во првата и втората групна фаза, сепак мора да им се честита на нашите ракометари за борбеноста, желбата и потта која ја оставија на ова ЕП. Промашија зицер за победа против Германија, со Шпанија останаа без капитенот, а со Чешка загубија добиен натпревар. Но тоа е спортот. Главата горе момци. Заслужувате аплаузи.

Викинзите пресилни, Македонија ја заврши бајката

Во последното коло од втората фаза, Македонија со убедлив пораз од Данска 31-20 го заврши Европското првенство. Данците убедливо први одат во полуфинале, Македонија доби достојни наследници на ветераните.

Опциите за петто место

Од кројачи на сопствената судбина во рок од неполни два часа пак се сведовме на некои тешки математики кои не се неостварливи. Тоа е. Вреди да се проба.