Колумна

Столе е човек со муда и карактер како Шар Планина

Да сум газда на клубот на Стојанче ќе му купев златно ланче. Па оној Русинон не е луд што токму него го држи како единствен Македонец во најголемиот Вардар. Тој со отсвртување прави чистка на линијата како лонец со сарми.

Во последните 10 години во пресрет на секој натпревар на Македонија не се плашам, искрено, ниту од Кире Лазаров, најдобар ракометар во историјата на земјата, како и еден од најголемите во европскиот ракомет, ниту од голманот Ристовски, не се плашев ниту од Миркуловски и Наумче Мојсоски додека играа, иако беа навистина одлични ракометари, а не се плашам ниту сега од помладиот Манасков, ниту од тренерот Раул Гонзалес.

Од секогаш најмногу се плашам од Стоилов. Знам дека имало и поголеми пивоти на нашиве простори од овој херој на Вардар, но Стоилов е повеќе од тоа „имаше 4-5 удари и избори седмерец“. Кога Столе го претрчува теренот, салата се тресе, кога ќе ја забие онаа шрауба од зглоб, стаклата пукаат, кога онаков брадосан ќе се раздере и ќе дигне раце кон распаметените навивачи, деца се расплакуваат. Дури и да не те интересира кој ќе победи, почнуваш да навиваш за Македонија! Или Вардар.

Тој е играч, но и човек со муда и карактер како Шар Планина, вистински патриот (илустрацијата на Фејсбук како крева тегови со потпис „ништо не е тешко за Македонија“ говори сè. Тој со отсвртување прави чистка на линијата како лонец со сарми.

Урбана е легендата дека Игор Вори кога веќе не знаел што да прави со него и како да го спречи, во буткање на линија се послужил со рачно ракување. Да сум газда на клубот на Стојанче ќе му купев златно ланче. Па оној Русинон не е луд што токму него го држи како единствен Македонец во најголемиот Вардар.

Стоилов е појава, знаменитост поголема од поголемиот дел споменици подигнати во Скопје, дури и откако се појави. Експлодираше на ЕП во Србија на кое Македонија го освои петтото место.

Кој им е овој дебелиот? Гледајте колкав е, а трча побрзо од Копљар, се коментираше тогаш во едно друштво.

И денес ако бараш на пребарувач Стојанче Стоилов, во продолжение се појавува и кг, иако потоа имаше соиграчи кои беа подебели од него. Сега наводно има 110 кг. Едно време се зборуваше дека јаде сендвичи со живи фазани и дека еднаш влегол во бурекџилница и рекол „може сè“.

Делува жесток, но во суштина е кажуваат оние кои го знаат подобро позитивна личност и сјаен тип кој малку зборува, но кога ќе каже нешто, тогаш гаѓа каде што треба. А понекогаш не мора ништо да каже. Како неодамна кога го изрази ставот на прогласувањето на „Спортист на годината“. Може да се согласиме или не, но покажа став.

Фала богу што го имаме Лазаров во тим, рече еднаш за водачот на репрезентацијата. Фала богу што Вардар го има Стоилов кога стана шампион на Европа, инаку кенедиевската изјава на Чупиќ на пречекот во Скопје „Денес сум горд што сум Македонец“, би била заедно со најверните Комити најголемата врска за екипата и земјата која ја дава целата љубов.

Навистина не знам кој друг ќе го подигнеше пехарот на прославата на плоштад на денот на големото славје, веројатно Чупиќ кој го постигна голот за титула. Тоа беше момент во кој е тешко и да сонуваш како дете, а Стоилов баш го заслужи, бидејќи во кариерата пројде низ сè, а меѓу другото и тоа кога клупскиот автобус два пати му бегаше заборавајќи го на патување. Веројатно било ненамерно.

Првиот пат трчаше и го фати автобусот, а на него тропаше се додека шоферот не застана. Кога влезе можеше само да каже во стилот на покојниот Ташко Начиќ: „Па вие не сте нормални“ и потоа да седне на свое место.

А еднаш на пат за Скопје, Стојанче го оставиле сред ноќ во сред Србија, бидејќи малку подолго се задржал во тоалет на бензиска пумпа. Во моментот кога излегол, можел само да му мавне на автобусот чии светла во мракот се гледале на некои 300 метри од местото на кое збунето стоел без лични работи и мобилниот.

Продавачката се преплашила кога тој се обидел да и објасни што се случило, но некои добри луѓе му помогнаа на несреќниот Стојанче да се јави кај соиграчот на кој можеше да се сети кој му е бројот.

Добродушен е, но знае и да се налути, како еднаш во пекарата Силбо каде се најде со соиграч од репрезентација. Има од тоа скоро две години, настан во кој Стојанче Стоилов бил претепан откако го нападнале тројца со кои не сакал да се слика.

Па лажат, извикував од канцеларија. Да да, го претепаа, ме убедуваа колегите од Македонија. Ни ден денес не сакам да прифатам дека Столе може да биде претепан, иако тие денови го виделе со слива под око. Но да ве прашам нешто, дали некој ги виде тие другите? И кои се тие бесрамници кои удирале таква спортска карпа? За среќа во неговиот град сепак повеќе се оние кои го сакаат.

Стојанче инаку го носи името по дедо му Стојан, но тој не сака да го викаат Стојанче, бидејќи името му сугерира дека останал мал, слаб, како оној Станоје од Монтевидео, а евидентно е дека не е така. Го преферира прекарот Столе, а некој тв коментатор во Македонија упорно погрешно го изговарал како Стоље.

Во една емисија призна дека не се љути на соиграчите дури и кога го викаат Свиња. Столе со среќа, само утре не. И сфати го ова само како обид за дестабилизација во очи на важните натпревари.

Младен Милетиќ

14 јануари 2019 - 12:40