Со почеток од 18 часот против Франција, женската ракометна репрезентација на Македонија ги стартува битките на Европското првенство, на кое по пауза од 14 години повторно сме домаќини, заедно со Словенија и Црна Гора. РФМ секојдневно ја билда атмосферата на социјалните мрежи. Девојките очекуваат голема поддршка на трибини.