Ракометарки на плажа се изборија да не мора да играат во бикини

Откако селекцијата на Норвешка за ракомет на песок беше парично казнета со 1.500 евра, односно 150 евра по ракометарка поради тоа што на Европското првенство во ракомет на песок се појавија во шорцеви, а не во бикини како што налагаа правилата од Светската ракометна федерација, се крена голема врева во женскиот ракомет на песок.

На Европско првенство во ракомет на плажа за жени, Норвежанките минатото лето излегле со шорцеви во мечот за бронзен медал против Шпанија во бугарскиот град Варна.

Тие уште пред да се одлучат за ваков потег, ја информирале Светската ракометна федерација, но од таму им рекле дека правилата се правила и дека ќе бидат казнети ако истрчаат во шорцеви а не во бикини.

Од норвешкиот ракометен сојуз (NHF), претходно соопштија дека се спремни да платат казна доколку биде неопходно.

Шорцевите кои ги облекле Норвежанките тогаш „не биле во склад“ со прописите на Меѓународната ракометна федерација кои важеле за опремата на ракометарки на песок.

Претседателот на норвешкиот ракометен сојуз Каре Геир Лио рекол на агенцијата AFP дека оваа организација ќе плати која било казна која што ќе ја препишат IHF и EHF. „Ракометарките треба да имаат право на слободен избор во рамки на пропишаните правила. Најважно е спортистите и спортистките да се чуствуваат добро во опремата која што ја носат“, рекол првиот човек на норвешкиот ракомет.

Интересно, прво која гласно ги поддржа беше познатата американска поп ѕвезда, пејачката Пинк која на Твитер им честиташе на норвешките ракометарки и им рече дека таа ќе ја плати целата парична казна која им ја пишале.

Конечно Меѓународната ракометна федерација (IHF) одлучи да го прифати предлогот кој го дадоа Норвежанките уште во јули месец.

Во септември министри од владите на Данска, Норвешка, Исланд, Финска и Шведска се обратиле до ИХФ со барање да го разгледа правилникот за униформи во согласност со родовата еднаквост. Се потпишувала и петиција која собрала околу 61.000 потпис за менување на ова правило во ракометот на песок.

Правилото конечно е апдејтирано, па така женските ракометарки ќе можат да носат „боди фит“ маици или шорцеви наместо бикини. Мажите пак им е дозволено да носат шорцеви кои “не се многу рашкембани“ но мора да се со простор од 10 сантиметри над колената.

СО ПРАВО СЕ ОКУРАЖИЈА И ГИМНАСТИЧАРКИТЕ

Во квалификациите за Олимписки Игри во Токио летово, германските гимнастичарки не се појавија во вообичаени трикоа туку во опрема која им го прекриваше целото тело. На многу гимнастичарки им се наметнува да вежваат и настапуваат во трикоа, досега единствено спортистките кои ги прекриваа своие тела беа мотивирани од верски причини.

2 ноември 2021 - 09:43