Вечерва во ракометна Европа одекна бомба. Македонија со блескава игра го разубаве дебито на селекторот Кире Лазаров и ја совлада Данска која пред мечот беше апсолутен фаворит. Кире реши да влезе во игра некаде во средина од првиот дел и веднаш сервираше „ладен цепелин“.