Капитенот на македонската репрезентација беше еден од најзаслужните за големиот триумф на Барселона. Лазаров постигна 7 голови, само еден помалку од Никола Каработиќ со кој ја изрешетаа мрежата на Полјаците.
Покрај погодоците, Лазаров имаше и неколку одлични асистенции, па со право претендира да биде прогласен за МВП на турнирот. Лазаров во моментов има вкупно 106 погодоци, пет повеќе од Момир Илиќ кој вечерва го игра своето полуфинале со Веспрем против Кил.
Каталонците играа одличен ракомет во првиот и на стартот од вториот дел. На полувремето имаа 16:14, а во вториот дел стекнаа пет поени предност, позитива која што ја одржуваа. Кјелце успеа да се приближи во еден момент, но Даниел Шариќ, голманот на Барселона успеа да скроти неколку зицери на противникот и да ѝ овозможи на Барса пласман во големото финале.
Дуелот за првото место се игра утре, а Барса го чека противникот од мечот Кил - Веспрем.