Како се подготвуваат македонските репрезентативци за Мундијалот
Лино Червар маста им ја вади на ракометарите во Маврово каде работат под полна пареа на формата и кондицијата за Светското првенство кое стартува на 11 јануари. Некои денови се тренира и по три пати на ден, а играчите на вчерашниот тренинг носеа и панцири. Со ваков пристап и залагање очекуваме добро издание во Франција.