Грешката поради која испуштивме огромна победа

Македонската ракометна репрезентација потсети на најславните денови кога биеше битки против светските ракометни сили. Синоќа против Унгарија младата селекција на селекторот Лазаров одважно и на моменти дрско му се исправи на ривалот. Водевме во поголемиот тек на натпреварот, на крај дури ни се укажа и голема шанса за историска победа но поради едно грешно додавање судиите ни ја одзедоа топката и во брза контра Унгарците израмнија 27-27.

Нашиот напад на 35 секунди до крајот беше прилично конфузен, имавме водство од гол разлика. Судиите ни ја одзедоа топката поради пасивен напад, ветеранот Лекаи додаде до Лиѓетвари а овој на 15 секунди до крајот ги постави конечните 27-27.

 

Натпреварот на кариерата на Филип Кузмановски - 10 гола на капитенот на Македонија

16 јануари 2025 - 08:32