Навивачи

Колумбијка упадна на терен за Хамес и стана ѕвезда на интернет

За време на пријателската меѓу Колумбија и Австралија на стадионот на Фулам во Лондон, една од навивачките се протнала меѓу редарите и влегла на терен за да се слика со својот миленик Хамес Родригез.

Бакљада во Гостивар во чест на фан клубот на Бешикташ

Најстраствените навивачи кои дишат со Бешикташ, а живеат во Македонија се наоѓаат во Гостивар каде на спектакуларен начин беше отворен нивниот официјален фан клуб.

Атмосфера за неверување во турска аматерска лига

Артвин Хопаспор го победува 2:0 Карс 36 Спор во битката за првото место и избива на лидерската позиција со 1 бод предност во регионална аматерска лига во Турција, а ние прашуваме: Па има ли по хард кор навивачи од Турциве? Фалеше уште на хеликоптер да се качат за овие анонимни мали клупчиња кои очигледно само нив им значат.

Исповед на полицаец кој се инфлитрирал меѓу хулигани на Милвол

Најпознатите филмови за навивачи во Англија често земале инспирација од ликот на Џејмс Бенон, човек кој цели три години работел како таен агент меѓу хулиганите за што морал да се однесува каков нив. Во еден момент многу ја засакал дружбата, но служба е служба.

Оди во Англија влези на терен да те видам, казна не ти гине

Она што го слушаме како на касета секогаш кога на Балканов ќе се случи курцшлус на некој спортски настан, дека ако истото дело го направиш на Островот ќе кркаш минимум парична а максимум затворска казна - не е мит.

Аргентински начин на влегување на стадион без карта

Фудбалот на Аргентинците им тече низ вени и ако некој остане без карта нема шанси да ги собере другарите дома да ја гледаат, туку они ќе се соберат пред стадион и ако треба со глава во ѕид ќе одат. Буквално. Ете ова се навивачите на Росарио Сентрал.

Продавам столица што ми спаси глава на крвавиот Максимир

Сега веќе митскиот натпревар Динамо Загреб - Црвена звезда од 1990. година кој се смета за почеток на војната во поранешна Југославија одвреме-навреме вади нови митови и легенди. Сега се појавил оглас за скршена столица од „Максимир 1990-та“.

Турската страст за фудбал во 15 секунди

Викендов се играше вечното големо дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај кое заврши без голови. Гостите во судиското продолжение имаа шанса за победа, а овие имаа шанси да полудат и тоа топтан фамилијарно.

Четвртолигашка љубов со 15.000 навивачи

Имаат историја која трае точно 158 години, титула во германското првенство во 1966-та и армија на навивачи која не прашува каде и со кого играат, туку палат патиките за викенд и правец на стадион. Минхен 1860 на гостување во Нирнберг.

Провокацијата поради која веројатно паднал ќотекот пред Камп Ноу

Навивачите на Челси беа доста гневни од односот на обезбедувањето на гостувањето против Барса во ЛШ. Сè уште е нејасно зошто ги тепаа со пендраци без осет, а шпекулациите говорат дека каталонските редари не можеле да се помират што ги ребрачат на политичка основа.

Во Билбао и Лион повторно хулигански нереди

Навивачите на Марсеј кои допатуваа во Баскија на реванш мечот од Лига Европа против Билбао, направија сериозни инциденти надвор и на стадионот во чија близина пред две недели почина специјалец на шпанската полиција.

Полициска бруталност пред Камп Ноу, навивачите на Челси се бесни

Иако стадионите во Шпанија важат за мирољубиви места, особено Камп Ноу каде има плева од туристи кои одат да ја гледаат Барса, синоќа пред влезот било танзично и играле пендраци.

Турчето пее и кога губи 7:1, мука нема

Бешикташ беше аутсајдер на осминафиналниот дуел со Баерн Минхен во ЛШ, а тоа се виде уште на првата средба на која пукна петарда. И при негатива од 2:1 на реваншот, Водафоун Парк во Истанбул грмеше типично на турски начин. Слушајте во позадина.

Пат од 30.000 километри за да присуствува на историја

Оваа приказна не е за Барса, Реал или Манчестер, туку за новиот фудбалски клуб Лос Анџелес кој има верен еден фан во Австралија. Тие уште не заиграле во лигата, а тој си резервирал карта пред 10 месеци.

Тој изгорен за Наполи, тие со торта на Јуве

Прво малиот е многу мал за да го ребрачите вака. Второ Наполи неколку години по ред се поти да ја прекине доминацијата на Јуве. Трето сезонава е или беше најблиску до тоа. И четврто требаше да ви ја плесне во фаца.

Никогаш потажна не била 13-та минута на Артемио Франки

Тагата за раната смрт на Давиде Астори не завршува. Неговите соиграчи го одиграа првиот натпревар без својот капитен на кој го совладаа Беневенто со 1:0, а во моментот кога се играше минутата со број 13, која Астори ја носеше на својот грб се случи најемотивниот момент на сезоната. Како никој се уште да не може да дојде на себе по смртта на Давиде кој на 31 година ги напушти Виолетовите.

Грмело во Неапол? Чек да видиш како грми во Њукасл

На 23. јануари талентираниот фудбалер на Челси, Кенеди беше позајмен во Њукасл. На 10. март Кенеди го дава првиот гол за ’Касл и „Сент Џејмс Парк“ еуфорично го прославува. Нешто како кога ќе падне гол под Везув во Неапол:

Најјакото кошаркарско тифо во Италија

Ако некој може да им парира на Грците и Србите во навивање во сала, тоа сигурно се навивачите на Болоња Фортитудо кои прават спектакл за очи, уши и душа. Навивачката група им се вика Fossa Dei Leoni со традиција од 1970-та.

Како навивачите на Борусија ќе го игнорираат прволигашот Салцбург за да му помогнат на четвртолигашот Салцбург

Навивачите на Борусија Дортмунд важат за навивачи кои сакаат традиција, а мразат богаташи кои ги уништуваат идентитети на клубови за сопствени интереси. Затоа спремаат акција за помош на клуб кој беше распарчен и одново оживеан во четврта лига.

Грне го посети Злате кој доби поддршка и во Гелзенкирхен

Бобан Грнчаров во капитенски стил отиде во болницата за да го посети тинејџерот кој беше избоден со нож. Комити му пееја под балкон и собираа донации за него.

Едно обично фудбалско гостување во Турција

Навивачите на Елазигспор гостуваат некаде во земјата, а еден од нив е спремен како Вајат Ерп.

И да победувате и да губите ние сме со вас

Ливерпул по пауза од 2008/2009 се враќа во четвртфиналната фаза од ЛШ. Тие му одржаа фудбалска лекција на Порто и го елиминираа со 5:0, а овие пак возвратија со фантастично тифо, се разбира во изведба на нивните верни навивачи кои грмеа и по мечот и претходно во кортео.

Германски навивач за кој ни е глупо да опишеме што прави

Фудбалерите на Шалке изминатиов викенд ја пречекаа Херта на домашен терен, како и еден нивен навивач за кој Бундеслигата претставува порно. Го снимија, го сликнаа и го посрамотија во повеќе германски весници, а полицијата не го остави да заврши работа до крај и го приведе.