Во Билбао и Лион повторно хулигански нереди

Навивачите на Марсеј кои допатуваа во Баскија на реванш мечот од Лига Европа против Билбао, направија сериозни инциденти надвор и на стадионот во чија близина пред две недели почина специјалец на шпанската полиција.

Предводен од одличниот Руди Гарсија кој добро ја водеше и Рома пред некоја сезона, Олимпик Марсеј се пласираше во четвртфиналето на Лига Европа откако прво дома славеше 3:1 а синоќа и на гости 2:1 против Билбао.

Но каде и да игра Марсеј, нивните навивачи прават нереди, па така беше и во Билбао каде на влезот во нивниот сектор синоќа еден навивач со нож забодел двајца редари при гужвата на врата. Едниот редар бил ранет во вратот и бил префрлен во болница.

Француските (меѓу навивачите на Марсеј има и многу доселеници од Африка) на трибината запалија бакљи а од една фрлена на долната трибина се изгорело 12-годишно девојче.

Хулиганите од Марсеј се судрија и со полицијата кога влезе да им ја одземе пиротехниката. Во Билбао овие нереди се случуваат на само две недели по страшните инциденти кога навивачите на Спартак Москва рушеа сè пред себе и кога загина еден шпански полицаец.

Од друга страна домашната публика изведе фантастичен перформанс со прекрасна кореографија:

 

***

Нереди имало и во Лион каде гостуваше руска ЦСКА Москва. Според рускиот Спорт-Экспресс, навивачите на „Армејците“ воопшто не учествувале во инцидентите зошто со полициска придружба мирно стигнале до стадионот и дека бељата ја направиле навивачите на Лион кои се судриле со француската полиција која употребила солзавец. ЦСКА Москва славеше со 2:3 на овој меч и отиде понатаму во следната фаза.

УЕФА сигурно ќе има главоболки што овие екипи во следната рунда повторно ќе гостуваат некаде на континентот.

 

16 март 2018 - 09:41