Поради навивачки нереди кои ги предизвикале англиските навивачи кои јуришно ја турнале оградата и ги нападнале италијанските тифози меѓу кои настанало стампедо, се урнал еден голем ѕид од трибината каде стоеле навивачи на Јувентус при што загинале 39 луѓе, претежно Италијанци а стотина биле повредени полесно или потешко.
Поради страшната трагедија и поради серија други инциденти кои нивни навивачи ги направија ширум Европа и на нивно тло, англиските клубови беа казнети од УЕФА со петгодишна забрана за учества во еврокупови а Ливерпул доби шест-годишна казна.
После серија страшни нереди, британската премиерка во тоа време, Маргарет Тачер, позната под прекарот „Челичната лејди“ реши да донесе сет нови мерки и закони со кои државата го реши хулиганизмот и му зададе силен удар. Оттогаш, до денес на англиските стадиони секој стои мирно и инцидентите се ретка појава.
Јувентус секоја година во знак на сеќавање на загинатите навивачи одржува комеморација, а така било и денес во Торино на стадионот на Јуве и на улицата која го носи името „Жртви од стадионот Хејсел“.
Исто така секоја година на овој датум по зајдисонце се осветлува најпознатиот симбол на градот Торино, Моле Антонелијана.