Тепачка меѓу српски и англиски навивачи во Гелзенкирхен

И покрај тоа што германската полиција во соработка со колегите од другите земји преземаа сè што можат да не дојде до судир, па дури и забраниле точење алкохол во многу локали во Гелзенкирхен каде играат Англија и Србија, сепак избил инцидент.

Група српски и англиски навивачи се судриле а во инцидентот биле користени разни предмети, пепелници, стаклени шишиња. Биле искршени и неколку излози на околните локали а приведени се неколку лица.

Сведок на тепачката, англиски навивач за Мирор рекол дека група англиски навивачи тргнале кон паб каде била сместена група српски навивачи и таму избил хаосот:

16 јуни 2024 - 16:56