По избивање на воениот судир, ФИФА донесе контроверзна одлука сите странски фудбалери под договор со Шахтјор Доњецк да можат слободно и без обештетување да го напуштат клубот.
Ова, според зборовите на луѓето од украинскиот клуб го чинел Шахјтор неколку стотици милиони евра од трансфери, а од таа причина играат со млади домашни играчи од својата школа и играат одлично.
Веќе освоија 5 бода, а синоќа го имаа Реал Мадрид во шака буквално до последните секунди. Водеше Шахтјор 1-0 но Антонио Рудигер израмни во 90+5’ минута на 1-1.
После четири одиграни кола, Реал Мадрид е прв во групата Ф со 10 бода и речиси обезбеди сигурен пласман понатаму. РБ Лајпциг е втор со 6 бода, Шахтјор е трет со 5 бода а Селтик последен со само 1 освоен бод. Во следното коло, Шахтјор Доњецк му гостува на Селтик.
Сите голови од Лига на шампиони
Рудигер крвареше за голот на Реал Мадрид во последна секунда
Како дуелот Милан - Челси отиде во еднонасочна улица по судиска грешка