Рудигер крвареше за голот на Реал Мадрид во последна секунда

Шахтјор Доњецк е најпријатна приказна досега сезонава во Лига на шампиони. По воениот конфликт во Украина, овој клуб кој веќе неколку години се сели од град во град, сега игра со свои деца, фудбалери од нивната академија и во таква ситуација собра 5 бода во сериозна група на Лига на шампиони. Синоќа го имаа во рака големиот Реал Мадрид буквално до последни секунди кога стоперот Антонио Рудигер извади голем бод за „кралскиот клуб“. И притоа крвареше за тој гол.

Сите голови и хајлајтс од Лига на шампиони

12 октомври 2022 - 08:47