Челси после спорен пенал го совлада Милан, Реал се спаси со Шахтјор во последни секунди

Сините од Лондон со 0-2 го победија Милан на „Сан Сиро“ и во рок од неколку ден ја забележаа и втората убедлива победа против истиот ривал. Бенфика спаси голем бод со ПСЖ на гости а Рудигер го извади Реал Мадрид буквално во последни секунди против подмладениот и храбар Шахтјор.

Македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми во дуелот меѓу Динамо Загреб и РБ Салцбург одиграа 1-1. Ристовски играше до 79’ минута кога на негово место влезе Мохарами, а Адеми настапи до 67’ минута кога излезе од игра и беше заменет со Јосип Дрмиќ.

На 2 кола пред крајот Челси е лидер во оваа група Е со седум освоени бода, Салцбург има шест, Милан и Динамо Загреб имаат по четири. Милан во следната рунда гостува во Австрија а Челси на „Стемфорд Бриџ“ ќе го пречека Динамо.

Лига на шампиони, 4. коло, резултати:

ГРУПА Е:

МИЛАН - ЧЕЛСИ 0:2 (0:2)
/Жоржињо 21’, Обамејанг 34’/

ДИНАМО ЗАГРЕБ - РБ САЛЦБУРГ 1:1 (1:1)
/Љубичиќ 40’ - Зеивалд 12’/

ГРУПА Ф:

ШАХТЈОР - РЕАЛ МАДРИД 1:1 (0:0)
/Зубков 46’ - Рудигер 90+5’/

СЕЛТИК - РБ ЛАЈПЦИГ 0-2
/Вернер 75’, Форсберг 84’/

ГРУПА Г:

КОПЕНХАГЕН - МАНЧЕСТЕР СИТИ 0:0

БОРУСИЈА ДОРТМУНД - СЕВИЉА 1:1
/Белингем 35’ - Нианзу 18’/

ГРУПА Г:

ПСЖ - БЕНФИКА 1:1
/Мбапе 40’ - Жоао Марио 62’/

МАКАБИ ХАИФА - ЈУВЕНТУС 2:0
/Атцили 7’, 42’/

12 октомври 2022 - 08:08