Како дуелот Милан - Челси отиде во еднонасочна улица по судиска грешка

Преку 70.000 навивачи на Милан го наполнија „Сан Сиро“ и чекаа нивниот тим да му се реваншира на Челси за минатонеделниот убедлив пораз од 3:0.  Се испостави дека главниот судија на мечот, 38-годишниот Германец Даниел Зиберт реши да биде во главна улога па уште во 17’ минута досуди спорен пенал за Челси и му покажа директен црвен картон на Фикајо Томори после што домашните со играч помалку немаа што да бараат со реномираниот противник.

„Мислам дека беше пенал. Можеби не беше баш за црвен картон, ама сигурно беше пенал. Очигледно дека е поинаков тек кога имате предност и играте против десет играчи, тоа ви олеснува се. Овојпат беше полесно за нас, ова е важен триумф за нас“, истакна стрелецот на првиот гол, од спорниот пенал, Жоржињо во студиото на Скај Спорт после мечот.

Сите голови и хајлајтс од Лига на шампиони

12 октомври 2022 - 08:34