Олимпијакос прослави 100 годишнина

Трофејниот грчки колектив Олимпијакос кој има бројни титули во европскиот и грчкиот фудбал и кошарка, деновиве одбележа 100-годишнина од своето основање. На неколку пригодни манифестации на кошаркарскиот, фудбалскиот клуб и други секции, навивачите им честитаа роденден на црвено-белите.

На неколку локации ширум Атина се палела пиротехника, а најголема прослава имало во бастионот на навивачите, кај познатото пристаниште во Пиреја каде стотици навивачи на Олимпијакос со огномет и бакљи го прославиле роденденот:

Фудбалскиот клуб играл првенствен натпревар против Офи и победил 1:0. Пирејците се први во грчката Суперлига со 7 бода пред вториот АЕК Атина.

 

 

10 март 2025 - 14:16