Облечи дрес Брус Ли

Репрезентативецот на Јужна Кореја Ин Беом Хванг минатото лето стана најскапо засилување во клупската историја на Црвена Звезда која за него плати 5,5 милиони евра. Хванг во меѓувреме стана лидер на екипата а навивачите го обожаваат. Синоќа по триумфот од 2-1 во финалето на Купот на Србија против Војводина, Делиите му ја посветија песната со наслов Брус Ли.

Песната е преработка на мелодијата од „Ти си ме чекала“ од Тозовац, а текстот оди: „И кад би Брус Ли играо за Звезду, Маракана била би у змајевом гнезду, а тиииии, а тиииии, обуци дрес Брус Ли. Ти не даш ником да преџе половину, погоди пречку, поломи стативу, а ти, а ти обуци дрес Брус Ли“.

22 мај 2024 - 13:16