Фудбалската репрезентација на Албанија изгуби 1:2 на домашен терен од Израел во Лига Нации, но натпреварот сега е во фокусот поради големиот скандал на домашните навивачи.
За време на интонирање на химната на Албанија, навивачите зад едниот гол истакнале голема шеталица со карикатура на Албанец кој според цртежот би требало да делува на цртаниот јунак Барт Симпсон од серијалот „Симпсонови“ кој гледа телевизија на чиј екран стои картата на голема Албанија.
Кореографијата означува вклучување во ТВ програм на кој е покажана картата на тн. „голема Албанија“ а над картата пишува Обединети држави на Албанија.
Над знамето стои и порака на албански јазик: „Besa, Bese, Besen Ta Kan Dhene“ што е слоган на терористичката ОВК и кој во слободен превод значи: „давам ветување, давам збор“.
Поради овој голем скандал натпреварот ниту е прекинат, ниту делегатот внел нешто во својот извештај, ниту реагирале официјалните лица од УЕФА.
Ова не е прв испад на албанските навивачи и останува да се види каква ќе биде реакцијата на УЕФА која за многу помали испади драстично и драконски казнувала други фудбалски сојузи ширум континентот.