Земјите од северна Африка неверојатно многу го сакаат фудбалот. Мароканците и Тунижаните просто како Јужноамериканците живеат за оваа игра. Особено кога има некое големо дерби во нивното првенство, стадионите се полни и има прекрасни кореографии и бакљади. За време на дербито Есперанс - Клуб Африкан гостинските навивачи не добиле дозвола да влезат ама затоа домашните направиле спектакл.
Есперанс победил 1-0 со голот на Родриго Родригез во 8’ минута. После три кола во плејофот за шампионска титула, Есперанс е убедливо прв со 12 бода и 3 победи.