Голем спектакл на Монументал, Бока го скроти Ривер

Во 7. коло од аргентинскиот Лига Куп се одигра најголемото дерби на светот од навивачки агол, Ривер Плејт - Бока, прво нивен дуел годинава. Гостите победија 0-1 со гол на Себастијан Виља во 54’ минута. Трибините раскошни како и секогаш, песна грмеше без престан.

Пред мечот на „Монументал“ навивачите на Ривер Плејт направија убава кореографија со мозаик од иницијалите на нивниот клуб:

Во 54’ минута од мечот голема грешка направи фудбалерот на домашните Леандро Гонзалес, топката му ја одзема гостинскиот шпиц Себастијан Виља, рутински го дрибна домашниот голман Франко Армани и го отвори резултатот кој на крајот се испостави беше конечен.

Ривер Плејт имаше поголем посед и повеќе од играта, дури осум шута директно во голот на Бока но гостите се одбранија. Бока сега е на второ место со 14 бодови во групата Б зад Естдуијантес кој има исто бодови но подобра гол разлика, а Ривер Плејт е трет во група А со 13 бодови. Пред Ривер се Унион Санта Фе со 14 и Расинг Клуб со 15 бода.

 

 

 

21 март 2022 - 09:46