Го напушти стадионот кога падна голот вреден речиси за титула
Што сè нема да улови човек во денешно време со камери, телефони, таблети. Сити - Лестер вчера беше мртва 70 минути, ама затоа во тој момент напаѓачите добија помош од одбраната. Компани ја офука душмански во агол за конечни 1:0, а еден навивач тогаш напушти. кој знае зошто.
Дали било мала, голема нужда или нешто трето појма немаме, само знаеме дека за секунда испушти да го види во живо еден од најважните голови во историјата на Манчестер Сити.