Навивачите за Ленс важат за едни од најверните во францускиот фудбал. Го бодрат клубот секаде, во кое било време и било каде. Екипата во моментов е на 10. место во Лига 1 но поблиску е до зоната која води во Европа отколку кај границата за испаѓање. Навивачите пред секој меч ја пеат песната „Les Corons“, регионална химна за минерите од северна Франција.