- Во среда на 30-ти август почнува продажбата на карти за мечот Италија - Македонија во рамки од септемвриското квалификациско коло за Евро 2024.
- Мечот се игра на 9-ти септември од 20:45 во Скопје. Влезниците ќе чинат од 300 до 500 денари а ќе се продаваат во неколку градови ширум земјава, соопшти ФФМ преку својата Фејсбук страница која после речиси шест месеци хакираност одново ја оспособија.
- По дебаклите од Украина 2-3 после водство 2-0 и 7-0 од Англија на „Олд Трафорд“, македонската репрезентација во не баш идеално расположение го чека актуелниот европски шампион Италија.
- Аѕурите во Скопје доаѓаат со новиот селектор Лучано Спалети откако Роберто Манчини замина за богат договор да ја води Саудиска Арабија. Македонија и натаму ја води Благоја Милевски кој се наоѓа пред отказ.
- Предводниците на Шкендија уште еднаш го допреа дното, откако со срамна фотографија го најавија дербито со Вардар, закажано за в сабота во Гостивар, преку која го навредија противникот, ФФМ, но пред сè сите христијани во Македонија.
- Според теолозите, ваквата презентација на светиот христијански симбол е огромна навреда, особено кога доаѓа од претставници на друга религија.
- Објавувањето на превртен крст со цел да се навреди христијанството е строго забрането според самото исламско учење. Но, навредувачите од тетовскиот тим не знаат дека со ваквото омаловажување на крстот како верски симбол истовремено направиле и грев во својата исламска вера, пишува Спорт1.
- Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за настап на почетокот од квалификациите за Европското првенство во 2028 година.
- Од оваа група, стручниот штаб дополнително ќе избере 16 ракометари кои ќе ги одиграат двата воведни натпревари. Првиот квалификациски дуел е закажан за 4 ноември (19 часот), кога Македонија ќе го пречека Луксембург, додека четири дена подоцна (8 ноември во 16 часот) нашиот национален тим ќе гостува кај Грција во градот Халкида.
- Прв повик доби натурализираниот Украинец, кој настапува за Пик Сегед Дмитро Хориха, како и Мартин Томовски кој брани одлично за Битигхајм. Сите други ракометари се од домашното првенство.