- Рашид Арсанукаев ќе паузира 48 мечеви, бидејќи намерно му го скршил носот на противникот.
- Инцидентот е под полициска истрага.
- Противникот ќе мора да оди на операција и да отсуствува најмалку седум недели.
- 45-годишниот голман на ракометниот клуб Радовиш Славјан Паунов синоќа на мечот од доигрувањето за опстанок во Суперлигата против РК Струга, за последен пат го носеше голманскиот дрес на Радовишани.
- Искусниот голман го одигра последниот натпревар во својата неверојатно долга кариера која ја започнал во 1997-ма година.
- Паунов беше највозрасен ракометар кој некогаш играл во домашната Суперлига. Настапуваше уште и за Овче Поле, Тиквеш и Борец ФЛ а најголем дел од кариерата беше во РК Радовиш.
- Младата екипа на Радовиш испадна од Суперлигата но нема да остане запаметена како прва што испаднала во втора лига без ниту една победа затоа што синоќа конечно славеа 32-29 против Струга во последното коло. Стружани играа со изменет состав затоа што главните ракометари беа на поштеда за баражот кој ги чека против Младост Богданци за опстанок во Суперлига.
- Кутриот белгиски тенисер Александер Блокс бил приморан да го предаде натпреварот од 2. коло на Ролан Гарос против Алекс Де Минор кој без борба оди понатаму.
- Причина за ова била бизарната повреда на скочниот зглоб која 21-годишниот Блокс ја заработил на церадата поставена на крајот од теренот која била свиткана и спремна во случај на дожд да се развие по теренот.
- Пред неколку години и Белгиецот Давид Гофан се повредил на ист начин, скочен зглоб по незгодно газење на церадата. Неколку други тенисери исто изразиле загриженост за опасноста која тие церади ја носат покрај теренот.
- Блокс во моментов е 36. на АТП ранг листата. Висок е 1.92 сантиметри и важи за еден од највисоките тенисери на турот.