Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Разно
    • Кец у два
    • Навивачи
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • Фудбал
  • Кошарка
  • Ракомет
  • Разно
  • Кец у два
  • Навивачи
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Студен туш за македонските навивачи: картите за втора фаза поскапи за 60 отсто

21 јануари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Македонската ракометна репрезентација попладнево од 15:30 часот го продолжува патот на Светското првенство. Ривал ќе биде Австрија, на исто место како и досега, во салата во Вараждин. Со една голема разлика: цените за влезници за втората фаза организаторот ги продава за 80 и 100 евра. Во првата фаза картите изнсуваа 50 и 70 евра што исто така беше скандалозно, ако се има предвид на пример дека карти за најатрактивните натпревари во фудбалска Лига на шампиони се движат од 50, 60, 70 евра.
  • Прашање е колкава поддршка ќе има македонската селекција, особено што на овој натпревар му претходеа инциденти на трибините каде хрватските редари исфрлаа македонски навивачи, грубо претресуваа и одземаа знамиња со сонцето од Кутлеш.
  • Во Загрепската арена, цената на карти изнесува 40, 60 и 80 евра, а најевтини се картите за Президент купот (за елиминираните селекции) во Пореч, со цени од 5 до 25 евра.

извор

Разочарувачка есен на најдобрите македонски клубови во Европа – седум натпревари, нула победи

15 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Македонските ракометни гиганти не ја започнаа европската сезона според очекувањата. Вардар и Пелистер, двата најтрофејни и најамбициозни македонски претставници на меѓународната сцена, по седум одиграни натпревари во европските купови сè уште немаат ниту една победа.
  • Билансот е загрижувачки: шест порази и едно реми. Вардар има четири порази во Лигата на шампионите, додека Еурофарм Пелистер во три настапи во Европската лига забележа два пораза и едно реми. Така, по првите европски предизвици, двата македонски претставници се најдоа во ситуација во која итно им се потребни подобри резултати.
  • Вардар изгуби од Мелсунген на гости 33-31, од Нант дома 32-33 и од Висла Плоцк дома во Скопје 26-32. Вардарци не освоија ниту еден бод иако против Нант дома и Висла во Полска имаа шанси во завршниците да избегнат пораз.
  • Еурофарм Пелистер игра во второто по ранг натпреварување, во Европската лига на ЕХФ. После 3 кола немаат триумф: изгубија дома убедливо од шпанска Ла Риоах 24-31, одиграа нерешено 31-31 на гости кај Вибжеже Гдањск а дома претрпеа тежок пораз од германски Гумерсбах 28-38.
  • Сево ова значи дека двата најгоелми и најтрофејни македонски клубови на вкупно 7 натпревари во Европа сезонава имаат дури 6 порази и само 1 реми. Без победа.
  • Притоа од еврокуповите е елиминиран и РК Тиквеш па во ЕХФ Европскиот Куп ќе играат Алкалоид, РК Охрид и РК Бутел.
извор

Сестрата на Роналдо: „Мали се шансите да се врати во репрезентација“

15 октомври 2026
  • Share
  • Post
  • Скандалот меѓу Кристијано Роналдо и селекторот на Португалија Жорже Жезус продолжува и натаму. Елма Авеиро, сестрата на Кристијано Роналдо, за кои многумина сметаат дека отворено пишува се што Роналдо мисли а не смее јавно да каже, ја коментирала напрегнатата ситуација.
  • „Тажна сум зошто јавноста во Португалија брзо забори на се постигнато во минатото и смета дека нештата во моментов треба да се развиваат на друг начин. Останав без мисли, ме боли да гледам кога брат ми преживува такво нешто. Тој е меѓу оние кои најмалку заслужуваат таков однос.
  • Шансите да се врати се скоро па минимални. Мислам дека и двајцата (Кристијано и Жорже Жезус) се засегнати од тоа што се случи. Тоа е епизода, преживана лично од нив и јас можам да зборам единствено од позиција на брат ми. Сметак дека ситуацијата во моментов е во слепа улица и претстои да видиме што ќе стане. Кога си предаден е многу тешко да се вратиш во нормала“, рекла Елма Авеиро.
  • Конфликтот меѓу Кристијано Роналдо, најдобриот стрелец во историјата на фудбалот и селекторот на Португалија Жорже Жезус изби на крајот од септември за време на репрезентативниот собир во Лигата на нации. Напаѓачот беше незадоволен што селекторот му рекол дека нема да настапи, па потоа го викна да се загрева 30-ина минути и на крај не го пушти во игра туку го врати на клупата за резерви. Без Роналдо Португалија забележа два важни триумфи: против Норвешка (1-2) и против Данска (2:4).
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Златен медал за македонска ракија во Лондон

2

Дојде време да се укине престапната секунда

Занимливости
3

Изгубени во подесувањата

Балканштина
4

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Разно
5

Пленковиќ: Две европски држави на Македонија ѝ одземаа 21 година

6

Нови ЕУ правила за рачен багаж во авиони

7

Роџер Вотерс го заплеска Џејмс Хетфилд

Видео
8

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Македонштина
1

Омерагиќ: Сега ја плаќаме сметката на минатото неработење кога се плаќаше за место во младите репрезентации

Фудбал
2

Несторовски е хит во Хрватска, дава голови ко на лента

Фудбал
3

Зошто Џордан никогаш немал желба да стане тренер?

Кошарка
4

Нова атрактивна асистенција на Јокиќ

Кошарка
5

Моја е

Фудбал
6

Руни за заминување на Роналдо од репрезентација

Фудбал
7

Малер на колото

Кец у два
8

Аргентинците имаат уникатна страст за фудбал

Навивачи
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Како да се пофалиш дека имаш два Мерцедеса

Балканштина

Ние би му ставиле петка

Балканштина

Изгубени во подесувањата

Разно

Репортажа од Македонија: Ова никако не го очекував

Македонштина

Во чест на легендарниот администратор на АМЦ

Балканштина

Нашите „Богати и славни“ стигнаа до Белград

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Филмска препорака

Логичен виц на денот

„Добар ден“ да ти каже, ќе знаеш дека е ноќ

Од речникот од алтернативниот Универзум

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy