- Предводени од Мингма Џи Шерпа, 22 алпинисти меѓу кои и Македонецот Сашко Кедев го искачија величествениот врв Манаслу, осмиот највисок врв на светот со 8.163 м.н.в.
- Познатиот кардиолог и академик Кедев ги освои сите 7 највисоки врвови на сите континенти
- Манаслу се наоѓа на Хималаите во западно-средишниот дел на Непал
- Покрај Кедев, врвот го качиле уште и 14 алпинисти од Непал, тројца Американци, еден Холанѓанец, еден алпинист од Иран и еден од Кина.
- Тимот бил предводен од Мингма Шерпа, легендарен непалски алпинист, главен Шерпа на агенцијата за големи експедиции Image Nepal.
- „Септември е најинтензивен месец од годината на оваа планина. Повеќе качувачи одеа кон врвот ама само малкумина (веројатно помалку од 15) го качија правиот, главниот врв“, изјавил во јуни Мингма Шарпа кој сега успеа успешно да го качи целиот тим на Манаслу.
- Манаслу првпат во историјата го освоиле членови на експедиција од Јапонија, Тошио Иманиши и Гјалзен Норбу на 9 мај 1956 година. Важи за една од најопасните планини.
- Протестите на навивачите на Лацио против Клаудио Лотито се одразуваат и финансиски врз клубот.
- Во првата кампања за обновување на сезонски билети, регистрирани се околу 2.000, што значи скоро 28.000 сопственици на сезонски, засега избраа да не ги потврдат своите места на стадион.
- Оваа бројка се однесува само на првиот дел од кампањата и затоа не го претставува конечниот број за сезоната 2026/27.
- Помеѓу 2022 и 2026 година, навивачката база беше стабилна со околу 30.000: 26.193 во 2022/23, 30.333 во 2023/24, 29.036 во 2024/25 и 29.918 минатата сезона. Континуитет кој сега ризикува нагло да биде прекинат.
- Откако Жозе Мурињо одлучил дека за младиот талентиран центарфор Гонзало Гарсија нема место во екипата и нема да добива доволно минутажа, кралскиот клуб брзо му најде нова средина.
- Англиски Фулам плаќа 70 милиони евра за потписот на младиот 22-годишен Шпанец роден во Мадрид.
- Како што пишува Кадена КОПЕ, фудбалерот кој на 39 настапи постигна 8 гола од кои 6 во Ла Лига минатата сезона, набрзо ќе се пресели на „Крејвен Котиџ“.
- Реал Мадрид заработи повеќе од сто милиони евра од продажба на играчи од нивната академија. Нико Паз замина за 60 милиони евра, Виктор Муњоз за 20 милиони евра, Алваро Родригез за 12,5 милиони евра, Рафа Мартин за 15 милиони евра, Алекс Хименез за 12,5 милиони евра, Марио Мартин за 3,5 милиони евра и Фран Гарсија за 4 милиони евра. Вкупно околу 107,5 милиони евра заработка.