Кошарка

Алексеј Покушевски е најмлад играч во НБА со 20+ поени (5 тројки)

19-годишниот српски кошаркар од Белград, лани беше избран како 17-ти пик на драфтот во НБА од Минесота Тимбервулвс која го набрзо го трампаше. Младиот Покушевски претходно играше за Олимпијакос, а сега блесна во Оклахома Сити Тандер.

Дефанзивната тактика на Дончиќ со грб

Како тоа одиш на влез, а чуварот те брка свртен со грб како на мајтап? Ете вака, како Лука Дончиќ кој го збуни противникот да не погоди на положување под кош. Шоу на Лука на еден поинаков начин.

Последните 2 минути од Ол Старот 2001-ва

Презадоволни и вие и ние што гледавме легендарна снимка со легендарни играчи од легендарниот Ол Стар 1998, одиме со уште едно слично парче, со тоа што тука го имаме само финишот кој верувајте дека е многу јак.

Шекил сака презиме на иќ - О'ниловиќ

За време на натпреварот во најдобри вештини на Ол-Старот, Никола Вучевиќ стигна до финалето каде Доминтас Сабонис беше подобар, а претходно во полуфиналето црногорскиот репрезентативец го совлада Роберт Ковингтон од Портланд. Шек воодушевено коментираше.

Многу јак едно минутен пресек од Ол старот само со Јокиќ

Кој вели дека синоќа не беше во елемент? Можеби играчки да, ама затоа српската НБА ѕвезда правеше шоу на свој начин. Внимавајте му ги добро покретите. Забава за сите пари.

НБА Ол Стар 1998 на А1 со Љубомир Николовски

Тоа е таа снимка што се бараше, тоа е и коментаторот број 1 за баскет, тоа се тие златни времиња и на крај тоа се јунаците за кои не се спиеше. И да, дечките од МакНБА ги негуваат на Јутјуб легендарните видео парчиња кои како деца ги снимавме на касета. Супер е тоа.

Победи на Ол-Стар забивање откако бакнуваше обрач во скок

Плејмејкерот на Портланд Трејлблејзерс, Енферни Сајмонс е победник на натпреварот во забивања на НБА Ол-Старот одржан во Атланта. Сајмонс беше далеку подобар од Оби Топин од Њујорк Никс и Касиус Стенли од Индијана Пејсерс.

Шекил заспа и хрчеше ко пила, Вејд го снимаше

Да имаше турнир во хрчење на Ол-Старот, без конкуренција наградата ќе ја добиеше легендарниот Шек. 48-годишниот член на Куќата на славните имаше многу работа за време на Ол-Старот па реши краток момент да искористи да захрчи ко бик.

Луди потези на Ол Старот, Јанис растури, Дончиќ и Јокиќ лежерно

Во јубилејното 70. издание на НБА Ол-Старот, во „Стејт Фарм“ Арената во Атланта, тимот предводен од Леброн Џејмс и Јанис Антетокумпо издоминира јако против тимот на Дурент 170:150, по четвртини /40:39, 60:41, 46:45, 25:24/.

Необичниот пат на Кевин Гарнет, од судење во средно школо до НБА легенда во Куќа на славни

Во еден момент толку малку е потребно животот да тргне по права или крива насока. На своја кожа ова најдобро го осетил легендарниот НБА шампион, МВП и член на Куќата на славни.

Ја имаме ли бананата на сезоната во НБА?

Грчко - хрватскиот дуел кој се случи викендов во НБА лигата не смее да се пропушти. На топ 10 листата на најдобри потези се најде на второ место, иако ова заслужува пиадестал. Ивица Зубац vs Јанис Антетокумбо. Ѕверски.

Нови трикови од циркузот на Лука Дончиќ

Во првиот меч како 22-годишен откако прослави роденден во неделата, Лука Дончиќ уфрли 33 поени со 10 скока и 9 асистенции во победата на Далас Маверикс над Орландо Меџик 130-124. Лука имаше и пар луцидни додавања.

Кошаркарска мистерија од Нигерија, Шекил едвај чека да го види

Во претходните пар дена интернет го преплави видеото на кое се гледа младиот нигериски кошаркар Абидун Абегоке за кој се најавува дека наскоро ќе тргне на пат за Америка.

Колекционерска картичка со автограм од Лука Дончиќ продадена за 4,6 милиони долари

Американците со децении негуваат посебен однос кон колекционерство на картички со потпис од познати бејзбол играчи, кошаркари, фудбалери, рагбисти. Една таква картичка со потпис од Дончиќ продадена за страшна сума.

НБА ѕвездата која верува дека Земјата е рамна и брка зли духови со жалфија

Човекот кој не е разбран речиси од никој поради контроверзните ставови за животот. Важи за еден од најдобрите играчи на денешницата, ама во управата на НБА официјалните лица со чудење гледаат на некои негови потези и дури сметале дека имал „ментални проблеми“.

Најјаките решавачки партии на Лука Дончиќ

Секоја критика за неговата игра на почетокот од кариерата во НБА паѓа во вода. Има само 21 година, а веќе е претворен во кошаркар со убиствен финиш, тема од која НБА лигата успеа да направи компилација, мислиш десетта сезона му е ова.

Стеф Кари лабаво се загрева од пола терен

Со 24 поени, 8 скока и 8 асистенции Стеф Кари го водеше Голден Стејт Вориорс до триумф над Индијана Пејсерс 111:107. Пред мечот некогашниот МВП на лигата гаѓаше тројки од пола терен ко да шутира во празен гол.

А Суарез да не има брат во НБА?

Е добро де, загубил рамнотежа па му требало да се задржи.

Јокиќ уфрли 41 поен па го учеше Шекил О'Нил да збори српски

Откако се забавуваше со Лука Дончиќ кој заигра оро на паркет, па сам го победи Бостон, Шекил од студио пројде добро време и со српскиот центар Никола Јокиќ. Џокерот со 41 поен го урна Портланд Трејблејзерс 111:106. Никола имаше 17 погодени шута од игра од 32 обиди (3/6 за три), 5 скока и 5 асистенции.

Чудеснa тројка на Лука Дончиќ во последна секунда за победа

Лука Дончиќ по којзнае кој пат покажа зошто го вбројуваат во редот на најдобрите кошаркари на светот и зошто ќе игра на Ол Стар мечот во НБА. Словенецот во триумфот на неговиот Далас Маверикс 110-107 против Бостон постигна 31 поен, 10 скока и 8 асистенции. Даде 6/8 за три од кои две во последните 15 секунди за конечна победа.

Да се посмееме со нови предлози од Шек

Новото издание на „Шектин а Фул“ носи четири најсмешни моменти на неделата во НБА. На листата Шекил ги издвоил Расел Вестбрук, ѕвездата на Визардс, Паскал од Вориорс, Кузма од Лејкерс и Диало од Оклахома.

Македонија без сила за подвиг, Естонија оди на Евро 2022

Македонската кошаркарска репрезентација со кош во последна секунда успеа да ја совлада Естонија 86:84, но недоволно за да ги надомести оние -9 колку што изгубивме лани во Скопје, така што Естонците ќе патуваат на континенталниот собир.

Патиките кои Коби му ги дал на младиот Леброн Џејмс на времето одат на аукција

Пар патики кои трагично загинатата суперѕвезда Брајант во 2002-ра му ги дал на тогаш младиот талент од едно средно школо во Охајо, се очекува да достигнат огромна цена на аукција.

Кога Шпанците се држеа за глава за потегот на Нено против Барса

Феноменалната партија на Димитријевиќ против Италија не треба да претставува изненадување, затоа што Македонија во ова дете доби плејмејкер со голем квалитет и потенцијал кој има високи цели. Вртоглавица имаа Каталонците кога им ја направи финтата на влез.