Феникс со дрзок цепелин на 0,9 секунди до крај, до водство од 2:0

Немаш ниту една секунда до крај и мислиш дека е готова, но имаш напад од кој можеби некако ќе можеш да се извлечеш. Каква луда завршница и тоа во конференциското финале.

Феникс Санс стигна до деветта победа во низа која не можеше да ја оствари на поспектакуларен и постресен начин.

Кога Клиперски помислија дека ја имаат победата в раце, а со тоа и израмнување во финалето на Западот, Санси изведоа лудорија за победа и предност од 2:0.

Јунакот на мечот беше Де Андре Ејтон кој ја заби преку Зубац со цепелин за конечни 104:103. Тој постигна 24 поени, а најефикасен во неговиот тим беше Камерон Пејн со 29 поени. Кај Лос Анџелес Клиперс, Пол Џорџ постигна 26 коша.

Вечерва во 2:30 часот по полноќ стартува и другото финале меѓу Милвоки Бакс и Атланта Хокс, а третиот меч Феникс - ЛА Клиперс се игра во петок наутро во 3:00.

23 јуни 2021 - 12:25