Финалето на НБА стартуваше и зад себе ги остави сите муабети за повреди, скратен календар и разни перипетии.
Првиот меч од големото финале ни подари јак и динамичен баскет. И покрај тоа што еден од најдобрите светски кошаркари, Гркот Јанис Адетокумбо се врати на паркет по незгодната повреда, Феникс Санс го доби Милвоки Бакс 118:105.
Крис Пол (36) одново блесна и покажа дека е главен фаворит за наградата МВП на финалето. Ветеранот бледо го почна мечот и немаше ниеден поен во првата четвртина, но дуелот го заврши со 32 поени (4/7 за три) и 9 асистенции. Најголема поддршка имаше од Деандре Ејтон кој уфрли 22 поени со 19 скока и од Девон Букер кој запиша 27 поени.
Кај Бакс Крис Мидлтон по којзнае кој пат во плејофот беше најефикасен со 29 поени, Јанис Адетокумбо додаде 20 поени со 17 скока а Брук Лопез 17 поени.
Крис Пол во еден момент лошо нагазна при еден пад откако Брук Лопез многу безобразно се подмести да фаулира:
Следниот меч е во ноќта меѓу четврток и петок од 03:00 часот.
Еден од најмоќните кошаркари на денешницата, снажниот Јанис Адетокумбо успеа да се опорави од повредата и да се врати на време за првиот меч од финалето. Јанис го стартуваше мечот одлично иако го чуваше речиси цел Феникс.
GIANNIS. BULLY.
— Bleacher Report (@BleacherReport) July 7, 2021
(via @NBATV)pic.twitter.com/4DwCDaEtWE