16 од 26 фудбалери на Швајцарија се од семејства на имигранти, како се однесува земјата кон тоа прашање?

Во понеделникот голема сензација направи Швајцарија која до 81’ минута губеше 1-3 од Франција но за само десет минути израмни преку Сеферовиќ и Гаврановиќ, потомци на босански имигранти кои го однесоа мечот во продолженија.

Можно е последните десет години да се најуспешни во фудбалската историја на Швајцарија. Во тој период стигнаа дури до 1/8 финале на Светските првенства 2014 и 2018 во Бразил и Русија (во 1/4 финале на Мундијал играле само во 1930-те години и на домашно Светско првенство во 1954-та).

Во 2016-та стигнаа до 1/8 финале на Европско во Франција а во 2020-та ќе играат во 1/4 финале (никогаш претходно не поминувале групи, а до 1996-та немале ни пласман на Европско првенство).

ВАЖЕН ДЕЛ ОД СЕЛЕКЦИЈАТА СЕ БРОЈНИТЕ ПОТОМЦИ НА МИГРАНТИ

Летово на Европското првенство 2020 дури 16 од 26 репрезентативци на Швајцарија имаат корени од други земји. На Светското 2014 во Бразил имаа 15 од 23 потомци на имигранти.

ЕТНИЧКИ ШВАЈЦАРЦИ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Во моментов на Евро-2020 етнички Швајцарци се голманот Јан Зомер, потоа Нико Елведи, Стивен Ѕубер, Грегор Кобел, Фабијан Шер, Кристијан Фаснахт, Силван Видмер и Ремо Фролјер.

ФУДБАЛЕРИ ПОТОМЦИ НА МИГРАНТИ ВО РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА

Ивон Мвого (роден во Камерун) - откако татко му го напуштил семејството, мајка му продолжила да живее со Швајцарец и се преселила со децата во Швајцарија. Ивон 6 години живеел во Камерун.

Кевин Мбабу (роден во Швајцарија) - мајка му е од Конго, татко му Французин кој исто го напуштил семејството, па мајката на Кевин живее со негов очув

Мануел Аканџи (роден во Швајцарија) - мајка му е Швајцарка, татко му Нигериец

Рикардо Родригез (роден во Швајцарија) - Татко му е Шпанец, мајка му Чилеанка со баскиски корени

Беќир Омерагиќ (Швајцарија) - обата родители му се од Босна и Херцеговина

Лорис Бенито (роден во Швајцарија) - родителите му се Шпанци.

Ерај Кјомарт (роден во Швајцарија) - родителите му се од Турција

Жордан Лотомба (роден во Швајцарија) - татко му е од Ангола, мајка му од Конго

Денис Закарија (роден во Швајцарија) - татко му е од Јужен Судан, мајка му од Конго

Гранит Џака (роден во Швајцарија) - родителите му се Албанци од Косово

Џибрил Соу (роден во Швајцарија) - татко му од Сенегал, мајка му од Швајцарија

Едмилсон Фернандеш (роден во Швајцарија) - родителите му се од Португалија и Капе Верде

Ѓердан Шаќири (роден на Косово) - татко му го напуштил семејството, мајка му се преселила прво во Франција каде се запознала со Швајцарец и продолжиле да живеат во Швајцарија

Харис Сеферовиж (роден во Швајцарија) - родителите му се Босанци

Рубен Варгас (роден во Швајцарија) - Татко му од Доминиканска република, мајка му е Швајцарка

Адмир Мехмеди (роден во Гостивар) - родителите му се Албанци

Марио Гаврановиќ (роден во Швајцарија) - родителите му се од Босна и Херцеговина

Селектор: Владимир Петковиќ (роден во некогашна СФРЈ, во Босна и Херцеговина) - од 24 години играл во Швајцарија, има државјанства на БиХ, Хрватска и Швајцарија.

Затоа решивме да го разбереме феноменот на швајцарската имиграција.

Дали во земјата има навистина толку многу луѓе од други земји и нивни потомци? Како влијаат на животот во земјата и на фудбалот? Дали го чуваат својот национален идентитет или се интегрирани во швајцарската култура? Како самите Швајцарци се однесуваат кон нив и дали во имиграцијата гледаат проблем?

ШВАЈЦАРИЈА СЕ ЗГОЛЕМИЛА НА СМЕТКА НА МИГРАНТИТЕ, ПРЕТХОДНО ГРАДЕЛЕ МОСТОВИ, А СЕГА СЕ 25% ОД ВКУПНОТО НАСЕЛЕНИЕ

„Репрезентацијата на Швајцарија силно го одразува современото швајцарско општество. Во нашата земја има четири официјални јазици: германски, француски, италијански и романски. И можно да кажам четири култури. Така што Швајцарија од самите почетоци се состои од неколку идентитети.

„Имиграцијата во Швајцарија почна во ’50-те и ’60-те години кога кај нас се градеа плотини и мостови. Поради таквите големи проекти потребна била работна рака. Кај нас дојдоа соседите од Италија а уште и Шпанци, Португалци... Благодарение и на нив земјата стана богата и успешна. Како што е сега“, вели Уго Корти од швајцарски Blick.

Во Швајцарија имало и неколку бранови на имиграција. Во ’80-те и ’90-те пристигнале Југословени, бегалци од војната (воглавно албански бегалци), а во 2000-те и мигранти од Африка и Азија.

Сега повеќе од 25% од жителите на Швајцарија се странци или околу 2,1 милион луѓе. За споредба, во Германија и Франција има околу 12% мигранти. Швајцарија е на исто ниво со Нов Зеланд (22,4% во 2018-та), Израел (22,6%) и Австралија (27,7%).

Од 2002 година Европскиот Сојуз потпишал со Швајцарија договор за слободно движење и во земјата пристигнале околу 60% граѓани од земјите во ЕС.

Според податоците на Швајцарскто биро за статистика од 2016-та, во земјата со 8 милиони жители има:

- 315.000 Италијанци - 3,5%
- 303.000 Германци - 3,5%
- 268.000 Португалци - 3%
- 126.000 Французи - 1,5%
- 109.000 косовски Албанци - 1,3
- 83.000 Шпанци - 1%

ФУДБАЛОТ ИМ ПОМАГА НА ИМИГРАНТИТЕ ДА СЕ ИНТЕГРИРААТ, ВО ШВАЈЦАРИЈА ИМА КЛУБОВИ НА БОСАНСКИ, КОСОВСКИ И ПОРТУГАЛСКИ МИГРАНТИ

„Фудбалот обезбедува интеграција во општеството на луѓето дојдени од други земји. За жал има и облици на расизам. Луѓето од арапско или балканско потекло не наоѓаат лесно работа во цела Европа. И во Швајцарија и во Скандинавија и во поразвиените земји“.

Во студијата „Фудбал и интеграција. Клубови на албански и португалски мигранти во Швајцарија“, група швајцарски студенти стигнала до податоци дека:

- 35% од фудбалерите во домашните првенства на Швајцарија се странци
- 29% имаат двојно државјанство

Не само во најдобрите лиги на Швајцарија туку и во подолните лиги од фудбалската пирамида. Од 250.000 регистрирани фудбалери, дури 40% немаат швајцарско државјанство.

Во Швајцарија има клубови на мигрантите: за Дарданија од Сент Гален играат Албанци и Македонци. Во клубот ФК Босна од Ивердон и за Кјасо во трета лига играат Босанци и Италијанци.

Во сезоната 2020/2021 вака изгледале составите на неколку третолигаши во Швајцарија:

ФК Хам - клуб од град со население од 13.000 луѓе (клубот завршил на второ место во трета швајцарска лига) играат: 14 Швајцарци, 6 фудбалери со двојно државјаство: Италија, Португалија, Бразил.

Во фудбалскиот клуб Бавуа од населено место со 950 жители (четврто место во трета швајцарска лига) играат: 4 Швајцарци, 9 играчи со двојно државјанство (БиХ, Србија, Шпанија, Португалија, Албанија и Гвинеја Бисао), 6 играчи без швајцарско државјанство: Италијанец, Португалец, Хрват, Србин, Босанец и Македонец со бугарски пасош. Во клубот Блек Старс од Базел (10 место во трета лига) играат: 7 Швајцарци, 8 фудбалери со второ државјанство покрај швајцарското (Италија, Србија, Турција, Нигерија).

„Во Швајцарија фудбалот не е најпопуларен спорт без алтернатива, конкурентни му се хокеј, уметничко лизгање и тенис. За мигрантите е потешко да се занимаваат со овие спортови, фудбалот е најдостапен за нив“, вели спортскиот социолог од универзитетот во Лозана, Фабиен Ол.

И ТАМУ ИМАЛО ПРОБЛЕМ СО ХИМНАТА КАКО И ВО ДРУГИ РЕПРЕЗЕНТАЦИИ

За волја на вистината не било секогаш мед и млеко во фудбалска Швајцарија во последните 10-ина години. Кога репрезентацијата победува, тогаш се велича системот на подготовки и интеграцијата, а ако губат јавноста ги криви играчите.

„Секако, успешниот фудбалер секогаш ќе биде сметан за „добар мигрант“. Он станува предмет на гордост на земјата која го примила кај себе. И обратно, странец кој направил престап или има културна основа поинаква од нашата, секогаш ќе биде склон на критики и ќе предизвика одбивност. Во исто време обичните просечни странци едноставно остануваат неприметени“

Новинарот на Blick, Корти вели:

„Имаме сложен однос кон репрезентацијата. Ако победува тогаш сите се радуваат на победите на Швајарија. Ако губи, тогаш почнува дискусија за потеклото на играчите, љубовта кон државата и пеењето химна. Имаме прилично тивка химна (како и швајцарскиот менталитет). Не звучи моќно и застрашувачки и после неа нема да посакате да изгинете на терен како по химните на Италија и Русија“.

И покрај успехот на репрезентацијата, во Швајцарија има и отпор со напливот на странци (по статистика нивото на невработеност е пониско кај Швајцарците отколку кај мигрантите).

Најпопуларна десничарска партија во Швајцарија е крајната десница „Швајцарска народна партија“. Во 2014-та таа иницирала референдум со иницијатива „Против масовна миграција“ (предлагале воведување квоти за странци). Иницијативата ја поддржале 50,3% (околу 19.000 гласа ЗА повеќе).

Тогаш Швајцарија решила делумно да ја поостри процедурата за добивање државјанство, но не отстапиле од старата миграциона политика.

Во 2020-та година во Швајцарија се одржа референдум против договорот со Европска Унија за слободна трудова имиграција (исто го организирала партијата „Швајцарска народна партија). ЗА гласале само 38%.