Кошарка

Со кого игра Леброн Џејмс во екипа?

„Кралот“ еднаш изјави: ’Веројатно можам да се потпрам на соиграчите’. А соиграчите:

Кари се изнадава тројки за рекорд и втор триумф на Вориорс

Помалку очекувано, по болниот пораз во првиот меч кога можеа да направат брејк на гости, кошаркарите на Кливленд загубија од Голден Стејт на вториот натпревар од големото финале: 122-103.

Леброн напуштил конференција по прашања за глупоста на Џеј-Ар Смит

А и како да не стане да си оди кога глупиов новинар пет пати го прашува исто и му се качува на глава.

Леброн троши милион и пол долари годишно на своето тело

Има двајца лични тренери, има приватни масажери, има луѓе кои се занимаваат со неговиот сон да биде добар, има јога инструктори и ги има сите можни современи справи за тренинг. 24 часа работи над своето тело. И така 15 сезони по ред.

Коментар на денот за Хјустон Рокетс

Екипите на Кливленд и Голден Стејт ќе се сретнат во финалето на НБА лигата четврта година по ред, откако Хјустон ноќеска ја загуби мајсторката од Вориорси со 101:92. И сега еден генијален Фејсбук статус за несфатливиот ужас на Рокетски од линијата за 3 поени.

Леброн Џејмс не е од оваа планета

Просто не е реално колку стварно игра сам. Соиграчите му се толку некадарни што „Кралот“ мораше сам да ги добие Селтикс среде Бостон пред преполна сала и да влезе во своето ОСМО финале по ред во кариерата (има девет вкупно во 15 сезони во НБА). Синоќа имаше учинок 35 поени, 15 скока и 9 асистенции! Монструозно.

Градски парк е во транс

По пауза од 9 години кошаркарите на Работнички ја прославија првенствената титула и ја прекинаа серијата на МЗТ Скопје кој 6 години не го даваше тронот. Работата во финалната серија ја завршија со резултат 3:0 и на тој начин стигнаа до титулата број 15. Се слави на големо во култната сала на центарци.

Најдобрата банана на Ф4 на Евролига и други врвни потези

Реал Мадрид по јубилеен 10. пат стана европски шампион откако го совлада Фенербахче во финалето на Ф4, но еден момент од полуфиналето против ЦСКА Москва посебно ќе им остане во „сеќавање“. Она кога Вил Клајбурн го излепи Густаво Ајон.

Време ли е Реал да ги освои Евролига и Лига на шампиони во една година?

Пред повеќе од 15.000 гледачи „кралскиот клуб“ ја освои кошаркарската La Décima, го симна Фенербахче од тронот и ја прослави титулата европски шампион во белградската Арена.

Фото на денот

За да не ги помешате ради истиот имиџ: лево на сликата е Перо Антиќ, десно неговиот клупски колега Филип Човиќ. Сеирџиите со повеќе слободно време во животот искористија заедничка фотка од нив двајца за да објаснат кој е уствари тој до Перо.

Како провоцираше Денис Родман?

Секако. Немаше начин што не го искористи за да ги иритира противничките кошаркари. Еден од најпознатите беше во 1996 година на мечот Булс - Суперсоникс кога без да помести поглед го гледаше Франк Бриковски и го испровоцира да го удри па да го исклучат.

За инат на Грците

Двајт Хауард од Шарлот Хорнетс е географски едуциран онолку колку што посакуваме да биде во случајов, нели драги сеирџии?

Невозможно е да поверуваме дека Ману нема да се врати

Ману влегува во 41 година и просто не ни е верно дека ова би можела да му биде последна сезона и дека веќе нема да го гледаме на паркетите.

Игор Кокошков стана прв европски тренер во НБА

Српскиот тренер кој ја направи Словенија европски шампион, стана првиот главен тренер на една НБА којшто е роден и израснат надвор од САД.

Чудата на Жалгирис со Јасикевичиус - главното откритие во Евролига

Кошарката е традиционално спорт број еден во Литванија, земја која редовно игра на завршниците од Светските и Европските првенства, а овојпат првпат после 1999-та кога даде шампион во Евролигата, ќе има претставник на Фајнал Фор.

Да го прашаш само со кого прави „да пукне“

Во последното издание на емисијата The Starters се изнасмеавме со Weekend Whoopsies, хајлајтс и најсмешните моменти од Плејоф натпреварите досега.

Јоцо си гази во Кувајт

Селекторот на Македонија не мирува во периодот кога нема репрезентативни обврски, туку освојува титули и тоа убедливо без да дозволи некој да го победи.

Чудна контра во НБА плејофот

Иако неверојатниот Џејмс Харден ги издоминира со 44 поени и му донесе на Хјустон водство од 1-0 во плејофот, мечот против Минесота ќе остане во сенка на една чудна ситуација.

Најдобрите 50 забивања во НБА сезонава

Блејк Грифин, Џејмс Џонсон и Јанис Антетокумпо, Леброн Џејмс, Донован Мичел и многу други сериозни кандидати за титулата забивање на сезоната.

Лејкерс потпиша 32 годишен наставник кој му даде 19 поени на Хјустон

Во американските развојни кошаркарски лиги ретко кој млад играч се задржува подолго од неколку месеци. Условите се лоши, слабо ги плаќаат и фаќаат штрафта за Австралија, Европа или Кина. Ама еден играч се решил да остане со надеж дека ќе го викнат во НБА.

Не веруваш во хипноза, ама...

Па со месеци да беа во танцова школа и да тренираа исти движења, немаше да прават вакво нешто. Скроз исти работи.

Има ли послатко од титула со звукот на сирената

Пази имаш нерешен резултат и 3 секунди напад за да решиш меч вреден титула во националното првенство во САД (НЦАА) и тоа по пауза од 17 години. Ете тоа им успеа на кошаркарките на Нотр Дам, по спектакуларно не можеше да биде. Споменик ќе му кренат на чупево.

Има ли во Македонија расизам?

По запрепастувачките коментари на сметка на неодамнешното засилување на ФК Вардар, Камерунецот Битанг, сега и најдобриот кошаркар во македонското првенство Американецот Гинјард се пожали дека во Скопје го навредувале на расна основа.

Буфон и парадата на грчкиот кошаркар

Се вика Џанулис Ларенѕакис, има 24 години и игра за АЕК Атина. На мечот од кошаркарската Лига на шампиони против Стразбур, грчкиот кошаркар направи парада на која и се чуди и најдобриот голман на сите времиња.