Леброн троши милион и пол долари годишно на своето тело

Има двајца лични тренери, има приватни масажери, има луѓе кои се занимаваат со неговиот сон да биде добар, има јога инструктори и ги има сите можни современи справи за тренинг. 24 часа работи над своето тело. И така 15 сезони по ред.

Кој работи со Леброн?

1. Главен кондиционен тренер на Џејмс е Мајк Манчиас

Во 2001 година, Манчиас студирал да стане тренер за физички подготовки и ја добил шансата на својот живот - да стажира кај Тим Гровер и да работи со Мајкл Џордан. Таквите препораки во 2004 година го донеле во Кливленд каде и се запознал со Леброн.

Џејмс го поставил за свој личен фитнес тренер - Манчиас со Брон поминува цело лето, оди со него на Олимпијада и на Светски првенства, во 2010 година се преселил заедно со Џејмс во Мајами Хит, а потоа во 2014 назад со „Кралот“ во Кливленд.

Манчиас ја избегнува јавноста и многу ретко дава интервјуа.

2. Иако Леброн секогаш изгледа монструозно спремен, тој со сериозна работа почнал дури после Олимпијадата во Пекинг 2008 кога видел како Коби Брајант страшно им пристапува на тренинзите.

„Обично во теретана на почеток се зафркаваше, изјавил Манчиас во 2009 година. - Во првите години од кариерата Леброн играше исклучително на природен атлетизам. Дури и сега избегнува некои вежби за мускулите и кревање тегови а најтешко ми беше да го воведам во јога. Морав да почнам со положби кои не изгледаат премногу глупаво, ако разбирате што сакам да ви кажам.“.

3. Превратот на Леброн се случил по преминот во Мајами Хит

Мајами во пред-сезоната се спремал во базата на американските воени сили - United States Air Force (USAF). На тој начин легендарниот тренер Пет Рајли традиционално воведувал дисциплина, пристап кон тренинзите и армиски поредок.

Оваа практика имала пресудно влијание на Лебон Џејмс.

Уште од школски денови тој имал разни видови домашни задачи и обврски по дома па не му сметала многу диктатурата на Рајли. А плус во неа видел и можност да стане подобар.

Како играч на Хит, Џејмс станал опседнал со работата над своето тело и тренините.

4. Освен Манчиас, во тимот на Леброн има уште еден специјалист по спортска биомеханика (и поранешен специјалец)

Најсериозна криза со здравјето Џејмс имал во сезоната 2014/2015. Тогаш му се јавиле проблеми во долниот дел од грбот и во тек на подолг период играл под инјекции.

Поради тоа оваа сезона пропуштил две недели од регуларниот дел што никогаш до тогаш не му се случило.

Затоа му се обратил на Дони Рејмон кој исто набрзо дошол кај него во Кавс.

Рејмон цели 15 години служел како специјалец во Воено-морските сили на САД, а со спортска механика почнал да се занимава кога заработил сериозна повреда на вратот по еден скок со падобранец. Токму специјалецот Рејмон му помогнал на Леброн да ги надмине проблемите во грбот и да биде во оптимална кондиција.

Како и Манчиас, така и Рејмон ретко дава интервјуа и изјави.

 

#Repost @dzandertraining with @repostapp ・・・ People always ask me, "What is Biomechanics?? Well this photo might be the best definition there is. My ace and DBC Biomechainst @donnieraimon keeping my brother @kingjames firing on all cylinders. DBC is a system that is changing the way athletes approach exercise. But here's the other definition for those that didn't get it 😉 ====================== Biomechanists must have a  solid background in the fundamentals of Mechanical Engineering including post Calculus Mathematics, several years of college Physics, Material Mechanics, and Multi-segment Mechanics before moving forward to the biological sciences. The method of Biomechanics is the method of Engineering! To understand anything in nature we must know it's geometry, materials of construction, the mechanical properties of the materials, the governing laws of physics and the mathematical modeling of the motion. #WhereDoYouTrain #DBC #ChangingTheGame #Education #CertificationComingSoon

A post shared by Donnie Raimon (@donnieraimon) on

5. Двајцата лични тренери на Леброн официјално работат во Кливленд

Кавалирс имаат најмногу кондициони тренери во целата лига. Во тимот се тренерот за физички подготовки Стив Спајро, физиотерапевтот Џорџ Сајбл, тренер за маса и физичка подготовка Дерек Милендер и уште двајца специјалисти за играчите - Јусуке Накајама и Алекс Мур.

Сите тие секојдневно му помагаат и на Леброн.

6. Тие тврдат дека Леброн никогаш не користи ниту користел забранети средства.

„Ние секогаш размислуваме за тоа што може да направиме уште. Какво методи да пробаме? Како е можно да се справи со процесот на стареење? Тој никогаш не користел средства кои излегуваат од рамките на етиката“, вели неговиот личен тренер Манчиас.

7. Технологија за опоравок

- миостимулатор

Апаратот со електрични импулси помага на импулсите од нервниот систем за побрзо опуштање на мускулите.

- опоравок со компресионен систем од NormaTec

- криогена соба

Современа аналогија на сибирски студ - три минути во соба каде температурата оди од 80 до 120 степени под нулата

- фитбол

Рејмон и Манчиас често може да се видат во коридорите на подтрибинскиот простор и во домашната и во гостинските сали. Овие перничиња ги викаат Waff Mini Elites а Џејмс почнал да ги користи сезонава откако пропуштил неколку тренинзи поради повреда на зглобот:

Bodyblade

Како изгледа еден вообичаен тренинг на Леброн:

9. Џејмс во теретана вежба 5-7 пати неделно и дополнително оди на јога, пилатес и на тренажен процес versaclimber

„Секој ден. Работам над моето тело 24 часа. Или процедури или тренинг во сала. Се трудам да работам над физичката сила цела сезона. Во таква формула сум 15-та сезона“, изјави Леброн неодамна.

Резултатот на сево ова?

- Леброн Џејмс стана најмладиот играч кој стигнал до 3.000 постигнати поени а потоа и највозрасниот кој стигнал до 2.000 поени, 500 скока и 500 асистенции во една сезона. 

„Леброн троши 1,5 милиони долари годишно на своето тело. Тој дома ги има сите справи кои ги има и во салата на Кавс. Има двајца тренери кои секаде одат со него“, изјави Бил Симонс минатата година.

Леброн има свој личен готвач и луѓе кои се занимаваат со неговиот сон. Има приватни масажери. Се што тој прави во својот живот е поврзано со тоа да игра подобра кошарка и да остане во игра што е можно подолго, како и да се опорави од сите удари кои ги добива под појасот.

Во 2017 година Sports Illustrated составил список со физички најспремните спортисти на планетата. Таму Леброн е втор зад Кристијано Роналдо.

 

 

Like fine🍷!#welcome2season15👑 #striveforgreatness🚀 #jamesgang👑

A post shared by LeBron James (@kingjames) on