Фудбалерите на Интер ќе ги спрема Антонио Пинтус, човекот кој во врвна форма ги доведувал Зидан, Кристијано Роналдо, Дел Пјеро, Виали, Дешам, Ѕола, Модриќ, Марсело и многу други. На почеток плачат од пеколниот ритам, после му се заблагодаруваат.
Има двајца лични тренери, има приватни масажери, има луѓе кои се занимаваат со неговиот сон да биде добар, има јога инструктори и ги има сите можни современи справи за тренинг. 24 часа работи над своето тело. И така 15 сезони по ред.