Малку е познат натпреварот меѓу најдобрите колеџ кошаркари од САД против најдоврите играчи од Европа, дуел на кој Далипагиќ го издоминирал младиот Мајкл.
Во 1975-та ги води Вориорс до прва историска титула во НБА и го бираат за МВП на финалната серија. Се памети по уникатниот стил на изведување слободни фрлања.
Предлогот на комесарот на НБА Адам Силвер сите преостанати натпревари сезонава да се доиграат на Флорида, поточно во комплексот Волт Дизни Ворлд е сè поблизу до реализација.
„Последниот танц“, кој стана најгледан документарен филм во историјата на каналот ЕСПН со просечна гледаност на епизода од 5,6 милиони гледачи, сега доби студен туш од еден долгогодишен соиграч на Џордан.
Документарниот филм „Последниот танц“ кој во неколку дела раскажува за легендарниот Мајкл Џордан и амбиентот околу шампионскиот Чикаго Булс, покрена права Џорданоманија.
И скоро цели 9 години подоцна уште звучи надреално. Македонската кошаркарска репрезентација ги мелеше сите ривали на Европско првенство 2011 во Литванија и стигна до полуфиналето каде се судри со идниот европски првак Шпанија.
Голема затоа што беше на Европско, неочекувана затоа што нив ги сметаа за фаворити, важна затоа што ни ги отвори вратите кон втора рунда и најслатка затоа што беше против Грција. Борче Мекејлеб ги потепа.
Според ЕСПН, три НБА франшизи кои ги продолжиле тренинзите се Денвер Нагетс, Портланд Трејлбејзерс и Кливленд Кавс. Кај првиве на тренинг за расположение е задолжена „Угасила си ме“ од Џеј, пуштена од Никола Јокиќ.
Кој пратеше НБА во 90-те, многу добро се сеќава на славното трио на Јута Џез составено од Карл Мелоун, Џон Стоктон и Џеф Хорначек. Третиот беше смешен лик, а имаше и смешна и мистериозна рутина на изведување слободни фрлања.
Фудбалските клубови ширум светот на големо ги започнаа тренинзите во помали групи, а во НБА само три тима ги отворија салите за своите играчи, но уште нема јасен сигнал за нов почеток.
Лик без кој не можеше да се спомне ерата на Мајкл Џордан. Човек кој одбележа едно убаво време во НБА. Два пати стана шампион со Хјустон Рокетс во 1994 и 1995. Два пати беше МВП на финалето и еднаш МВП на регуларниот дел. Дури 12 пати се појави на Ол Стар. Од 1984-та до 2001-ва играше за Рокетс а пред пензијата поигра малку и за Торонто Репторс во сезоната 2001/2002.
По историското четврто место на Евробаскетот во Литванија 2011, хероите на Марин Докузовски играа квалификации за Олимпијада. Се потсетуваме на еден епски момент од мечот против Доминиканска република, кога Борче наш му ја заби во лице на центарот на Атланта Хокс. Лудило.
Не му беше ни прв, а ни последен пат да витка обрачи, крши табли, па и крши цели конструкции. Ова му се случи и како играч на Орландо Меџик, на 23-ти април пред 27 години на меч против Њу Џерси.
Првата епизода од новата документарка на ЕСПН „Последниот танц“ за последната шампионска сезона на Чикаго Булс, одново ги врати муабетите за финансиската ситуација на Скоти Пипен.
Најголемиот на сите времиња, на врвот на својата кариера остана без татко му Џејмс, кој брутално бил убиен од двајца 18-годишници додека спиел во кола на автопат. Мајкл по долга пауза се врати на паркетот и успеа да освои нова шампионска титула во чест на татко му.
Легендарниот југословенски и хрватски кошаркар Тони Кукоч изјави дека веќе нема смисла да зборува за тоа дали некогаш ќе влезе во Куќата на славните во Спрингфилд откако пак го запоставија.
На Олимписките Игри 1992 година во Барселона, кошаркарската селекција на САД дојде во страшен состав кој со право го доби името Дрим Тим. Џордан правеше спектакл во дрес кој стана култен и сега се продава на аукција.
Луѓе, останавме без зборови. Погледне каква балканска финта му продаде легендарниот хрватски кошаркар на славниот центар на Хјустон. Ај еднаш, ама два пати да го сецнеш? Коментаторот со врвен коментар: Новчаникот му го украде.
7 ноември 1991 година беше еден од најважните датуми во историјата на НБА. На тој ден Меџик Џонсон, најголемата ѕвезда во лигата во тој моомент, објави дека е ХИВ-поизитивен и дека ја завршува професионалната кариера.
Тако Фол е еден од поинтересните кошаркари во НБА лигата, не поради вештините туку поради невообичаената висина од 226 сантиметри која го прави највисок во цел кошаркарски свет.
Додека фудбалерите низ светот веќе шкрипат со заби, им се трча им се плаче, па решија жонглираат со тоалетна хартија во домашен карантин, по нивен пат тргна и најдобриот европски кошаркар во моментов во НБА, Лука Дончиќ.
Од ЛА Лејкерс соопштија дека двајца играчи од нивниот ростер биле позитивни на тестирањата, само неколку часа откако четири играчи на Нетс, последниот противник на Лејкерс биле позитивни.