На мечот меѓу најдобрата екипа во лигата, Феникс Санс и претпоследниот тим во НБА, Детроит Пистонс, кога разликата веќе беше над 20+ поени за фаворитот, првиот пик на минатиот НБА драфт 2021, Кејд Канингем од Детроит откако поентираше со забивање во еден момент од третиот период, со прст показалец покажа во правец кон противничкиот играч Џајлен Смит.
Во потегот немаше ништо навредливо ниту опасно за некој од противничките кошаркари.
И покрај тоа Кејд беше исклучен.
Самиот Канингем после мечот рекол дека гестот му бил упатен до свои роднини и другари на трибините кои биле зад клупата на Детроит Пистонс и дека не бил гест против некој играч на Феникс.
„Веднаш зад клупата за резерви седеа мои луѓе. Им ги видов лицата, Смит се појави пред мене и моите луѓе. Не сакам посебно да се закачам, после такви моменти на теренот повеќе сакам да се однесувам смирено“.
По мислење на арбитрите, покажаниот показалец од страна на Канингем кон Џејлен Смит е недозволиво и му досудија втора техничка на мечот - и автоматско исклучување.
За 24 минути Канингем постигна 21 поен со 60-процентна реализација на шут и имаше 4 асистенции.
Навивачите на Детроит, но и на другите НБА тимови се чудат како судиите за обични, нормални кошаркарски реакции при адреналин или возбуда, даваат исклучувања.
„Навивачите трошат со тежок труд заработени пари не за да гледаат судиска работа. Да се исклучи Кејд Канингем после втора техничка поради покажување со показалец е ужасна одлука“, вели инсајдерот на ESPN со долгогодишно работни искуство во НБА, Боби Маркс.
После мечот инцидентот го коментирал и претставник на судискиот корпус, Кевин Катлер кој потврдил дека неговите колеги постапиле правилно.
„После тоа како Канингем постигна кош, тој доби технички фаул за физичка провокација на играч од противничката одбрана“, рекол Катлер. НБА правилникот официјално го користи терминот taunting што значи потсмевање или провоцирање на противникот. Задолжителна е техничка грешка за вакво нешто.
Ако дејствието на кошаркарот е адресирано кон трибините, а не кон конкретен противнички играч, судиите по правиата, не казнуваат.
Токму пред исклучувањето на Кејд Канингем, најдобриот играч на НБА лидерот Девон Букер после едно атрактивно забивање по одбиена топка, им се сврти на гледачите и провокативно гестикулираше.
За покажување со прсти (не само среден) кон противник, во НБА казнуваа со технички грешки уштево '90-те години.
Така проблеми имаше Дикембе Мутомбо кој после секоја поделена блокада на паркетот, гестикулираше "не" со показалецот. Тоа му беше препознатлив гест во цел свет.
„Еднаш ми заѕвони комесарот кој ми кажа дека е подобро да престанам да покажувам со показалецот кон соиграчите. Јас одбив и постојано добивав технички... После најдов решение и се обраќав кон толпата. Сите сакаа да го видат мојот гест, дури и на телевизија. Тоа стана мој препознатлив знак. Кога ќе повториш такво нешто повеќе од две илјади пати, веќе станува дел од тебе“, искрено признал легендарниот Мутомбо.
Но имаше и такви моменти кои не беа санкционари. Во времето кога се играше прав, витешки баскет во НБА:
За ова Кемп денес би бил казнет сигурно.
Кајл Лоури сезонава доби техничка грешка поради тоа што слабо и некотролирано му ја дофрлил топката на судијата
Реџи Еванс и Грент Хил на времето биле исклучени поради тоа што во шега, на мајтап се удирале по задниците: