Одлична партија на Лука Дончиќ за 41. трипл-дабл во кариерата на 22 години

Далас Маверикс игра во тотално сјајна форма. Ја совладаа Оклахома Сити Тандер 104-102 и тоа им беше деветта победа на последните десет меча во НБА со што сериозно се зацементираа на позиција која води во плејофот. Нов трипл-дабл учинок запиша Дончиќ.

22-годишната суперѕвезда од Љубљана иако имаше само 4/17 од игра и ги промаши сите шест обиди за три поени, за 39 минути забележа трипл-даб: 20 поени, 11 скока и 12 асистенции и 3 блокади.

Ова беше петти трипл-дабл сезонава за Лука а 41. во кариерата (Реал Мадрид и НБА):

Необично, откако се врати после повредата, Дончиќ шутира 9/53 за три поени (17%), а во периодот откако е вратен Мавс имаат учинок 7-1 и играат најдобра кошарка во сезонава.

18 јануари 2022 - 11:33