Кошарка

Обрачот тролаше кошаркар на Далас

Интересен момент се случи на средбата Феникс - Далас (106:102), кога после шутот на Џош Ричардсон од Маверикс, топката 5 пати се вртеше околу обрачот пред да влезе. Играчите се изнасмеаа.

Старт на сезоната во НБА, Лејкерс доби најскапоцени прстени па изгуби во дербито

Во вторникот кон среда во НБА почна новата сезона 2020/2021. Уште во 1. коло се одигра дуелот меѓу двата големи ривали од Лос Анџелес кои се и најголеми фаворити за титулата.

Барселона остави свој кошаркар среде Истанбул зошто преговарал со Реал

Шпанскиот медиум Ел Чирингуито прв објави, а потоа Еурохупс пренесе неверојатна вест после мечот меѓу Ефес и Барселона во Евролига во Истанбул.

Искри пред стартот на НБА, Блејк Грифин се изнасмеа во гужвата

Во пресрет на новата НБА сезона, Детрот и Вашингтон Визардс одиграа пријателска средба која за малку ќе станеше непријателска. Блејк Грифин, некогаш најдобриот забивач во лигата го турна грубо центарот Томас Брајант па кога овој му се пушти, Грифин се изнасмеа.

Факт на деценијата за фарсата по име СП Катар 2022

Тоа деценијата може да се толкува двосмислено, а суровата вистина лежи во моќта на катарските пари. Цела деценија во глобални рамки се зборува за сите нерегуларности и лакрдии, платени со дебело мито и неколку илјади жртви, но и покрај сè никој не успеа да му застане на патот на вештачко добиениот Мундијал кој ќе се игра на зима.

Како изгледаше ремет во НБА во старите добри времиња

Лос Анџелес, 1988-ма. Лери Бирд изведува или се обидува да изведе слободно фрлање, а да не биде тоа бунар.

Магијата на Тео која стигна до НБА

Виртус Болоња убедливо со 20 разлика славеше во градското дерби со Фортитудо Болоња (71-91), а потегот на вечерта (слободно може да се каже на месецот) го имаше Милош Теодосиќ.

Ентони Едвардс - момчето со тешка животна приказна избран како прв пик на НБА драфтот

Синоќа НБА лигата за првпат во историјата одржа онлајн-драфт. Поради глобалниот вирус и мерките, церемонијата на драфтот помина во студиото на ESPN во Конектикат преку видео-конференција.

Што беше со асистенцијава на Теодосиќ?

Со 29 поени, 5 асистенции и 1 скок Милош Теодосиќ синоќа со неговиот Виртус Болоња го разби Локомотив Кубан на гости во Еврокуп. Тео ја имаше и асистенцијата на месецот. Во негов стил.

Ве поздрави дедо му на Бобан

Ако се прашувате од каде Бобан Марјановиќ го наследил талентот, ќе ви покаже самиот Бобан. Дедо му пред шталата има кош и гаѓа слободни фрлања подобро од Родман. Каков цар.

Да го видиш Никола Јокиќ како игра на свадба

Еден од најдобрите центри во НБА во изминативе пар сезони, српскиот репрезентативец Никола Јокиќ се оженил во својот роден град Сомбор со својата долгогодишна девојка Наталија. Отвориле со хитот на Ѓорѓе Балашевиќ, а „Џокер“ игра во голем стил како против најголемите ѕвезди во НБА лигата.

Фотографија од нашето детство

Кога немаше кош во близина, се менувавме кој со рацете да направи обрач, па после една партија, да избере со кој ќе игра од изгубениот тим, а него да го смени друг другар. Детство. Убавина.

Од каде потекнува традицијата титула во НБА да се слави со пура?

Ред Ауербах бил најинтригантниот НБА тренер на сите времиња. Тој е основополжник на современиот баскет а неговата итрина со пура да покажува надмоќ и да ги иритира противниците на сред паркет денес стана неизбежна традиција при прославата на шампионски прстен во НБА.

До кого беше првиот повик на Леброн од шампионската прослава во соблекувална

„Низ што сè не помина, што сè јас не видов, нема ништо што ќе ме сопре. Се надевам дека те направив горда, мамо“. Кралот Брон со трипл-дабл го реши Мајами, стави точка на финалето, на Лејкерс му ја донесе рекордната 17-та титула а на себе 4-та во кариерата. Првиот повик беше до мајка му Глорија.

ЛА Лејкерс е новиот шампион во НБА, Леброн до историја

Лос Анџелес Лејкерс го совладаа Мајами Хит во шестиот натпревар од големото НБА финале со 106:93 и заслужено ја освоија шампионската титула со конечни 4-2.

Не е готово додека Џими не каже

Мајами Хит ги совлада ЛА Лејкерс со 111:108 и намали на 3-2 во серијата од големото финале. Џими Батлер одигра уште еден неверојатен меч и ја потврди својата класа.

Лејкерс на чекор од прва титула после 10 години

Кошаркарите на ЛА Лејкерс ја вратија комфорната предност во големото финале на НБА против Мајами, откако синоќа го совладаа Хит со 102:96 и сега имаат 3-1. Во драматична завршница, Ентони Дејвис им пресуди на ривалите со далечна тројка.

Пред 3 години сонувал да биде новинар, сега игра за титула во финале на НБА

Неверојатен е обемот на ирационалност во кариерата на Данкан Робинсон, полу-анонимниот кошаркар на финалистот Мајами Хит кого играчи, тренери и навивачи, буквално сите го молат да почне да ѝ помага на екипата со тоа што ќе стане посебичен и ќе зема повеќе шутеви за себе.

Џими Батлер со 40 поени и трипл-дабл ги разби Леброн и Ентони Дејвис

Откако ЛА Лејкерс убедливо го совлада Мајами во првиот меч од големата финална серија, па спокојно го добија и вториот, сите го сметаа за завршено НБА финалето. Сите освен Мајами Хит.

Лејкерс го сомле Мајами Хит и поведе со 1-0 во финалето

И покрај блокадата на спортскиот свет поради глобалниот вирус, и покрај проблемите во општеството, протестите и бојкотите, НБА успеа да ја спаси сезоната и да спроведе супер одличен плејоф. Во финалето Лејкерс поведе 1-0 против Мајами.

Леброн сонува да игра со син му во НБА, малиот веќе заработува милиони долари годишно и планира драфт

Брони Џејмс е првото дете на Леброн Џејмс. Малиот е роден во октомври 2004-та година кога Кралот Џејмс уште не дебитираше на Ол-Стар мечот, а сега веќе се зборува за нивна можна средба на НБА паркетите.

Ве молам тргнете ме од Јутјуб, срам ми е

Фуркан Халтали од Бешикташ не може да си ја објасни оваа епска утка против Бурсаспор во турското првенство. Бунар и пол е ова.

Кралот што урнебесно го имитира Јокиќ

Плејоф бајката за Денвер и Јокиќ заврши. Нагетси со 4-1 изгубија во финалната серија на Западот, па сега Никола ќе може заслужено да одмора до почетокот на новата сезона во НБА. До тогаш, одвреме-навреме ќе се смееме со лудакот што скроз ги ископира неговите движења.

Јокиќ е бавен како желка која ги победува сите зајаци

Никој нема да го погреши Јокиќ со Болт во скоро време, но реалноста е дека тој го вади најдобро од себе и најчесто ги легнува противниците на колена додека игра најбавно.