Лука Дончиќ блесна со 40 поени па се налути сам на себе

Кошаркарите на Далас Маверикс и покрај неверојатната партија на нивниот 21-годишен лидер Лука Дончиќ, изгубија на свој паркет од Оклахома 120:114 после продолженија.

Лука Дончиќ за 43 минути на теренот имаше дабл-дабл учинок со дури 40 поени и 10 асистенции и со по шест скока и три украдени топки. Буквално брилираше.

Словенечкиот репрезентативец од игра постигна 16/33, за три поени 5/13. Имаше прилично висок број на промашени шутеви па се лутеше сам на себе.

Дончиќ имаше неколку важни шута а пред крајот на регуларниот дел при резултат 105:105 имаше обид за победа но промаши. Тргна кон клупата бесен на себе и удираше по клупата.

 

3 февруари 2022 - 10:17