И покрај тоа што цела сезона играа по принципот топло-ладно, кошаркарите на Далас Маверикс направија голем подвиг и после 2 меча во плејофот против ЛА Клиперс веќе имаат 2-0 и тоа среде Лос Анџелес.
По уште еден сјаен меч на кој постигна 38 поени во плејофот против Портланд и со неговиот Денвер израмни на 1-1 во серијата, Јокиќ ги стави слушалките да се вклучи во емисијата кај што Шек е домаќин.
Најдобриот кошаркар во НБА сезонава според многу статистички параметри, синоќа блесна во дуелот со Портланд Трејблејзерс и на Денвер му донесе 1-1 во плејоф серијата. Српскиот репрезентативец не знае за доста.
Поради новиот концепт плеј-ин кој за многумина е глупост, а за други е генијален изум, синоќа за влез во плејоф играа ЛА Лејкерс и Голден Стејт. Во директен дуел на Стеф Кари и Леброн Џејмс, поуспешен беше постариот. Лејкерси славеа 103-100 и тоа со тројка на Леброн во последните секунди од преку 10 метри.
Тој што е по кошарката, не може да ја заборави оваа славна седумка. Легенда на Чикаго, НБА, Југопластика, Хрватска и Југославија, која беше неизоставен дел од бандата на Фил Џексон. Најдобар шести играч во тоа време.
На крилата на Кевин Дурент (23 поени, 8 скока, 13 асистенции) и Кајри Ирвинг (17-2-6), Бруклин Нетс со 123-109 го победи Кливленд Кавалирс и го зацементира 2. место пред плејофот во НБА. А сите зборуваат за оваа луда акција на Нетси.
Во само пар месеци Бруклин Нетс состави екипа од толку многу суперѕвезди каква што можеби никогаш немало во НБА. На хартија се најсилни од сите, но што може да очекуваме во плејофот?
Во Тел Авив не можеш баш лагодно да одиграш кошаркарски натпревар, особено во овие денови додека војуваат Израел и Палестина. Кога сирените згрмеа, кошарките на Макаби Ранана и Макаби Кирјат Моцкин мора веднаш да прекинат поради воени операции.
Денвер Нагетс го победи Шарлот со 117:112 и обезбеди предност домашен терен во првото коло од плејофот. Никола Јокиќ одново развали и покажа зошто веќе не треба да има дилеми кој да стане МВП на сезоната.
Виртус Болоња изгуби 83:91 од Тренто, а Теодосиќ на тој натпревар буквално му ја сокри топката на Италијанецот Ладурнер зад грб. Тео го заврши мечот со 15 поени, 11 асистенции и 2 скока.
Далас убедливо со 124:97 го смачка Кливленд Кавалирс и стигна до 40. победа во регуларната сезона. Мечот остана во сенка на исклучувањето на Лука Дончиќ кој не издржа провокации од ривалот Сакстон и со тупаница го удри под појасот и го турна.
Бруклин Нетс од „нигде-никаде“ среде сезона направи страшен состав кој треба да конкурира за титулата. Кевин Дурент, Блејк Грифин, Кајри Ирвинг и Џејмс Харден ќе го напаѓаат пехарот, ама како стојат работите формата им е во надолна линија. Далас Мавс им го нанесе четвртиот пораз во низа 113-109.
Денвер го совлада Њујорк Никс 113:97. Внимавајте добро на резултатот од првата четвртина, заврши 34:12. Никола Јокиќ сам постигна двојно повеќе поени од цел тим на гостите. Слободно може да ја констатираме за најдоминантна четвртина во неговата кариера и една од најдоминантните негови партии во НБА-лигата. 8/9 имаше од поле.
Далас Маверикс е на добар пат да го осигура местото во плејофот откако синоќа со 127-113 го доби Мајами Хит. Тим Хардавеј Џр даде 36 поени со 4 скока и 1 асистенција а Лука Дончиќ имаше 23 поени, 12 скока, 8 асистенции и неколку луди потези.
Лос Анџелес Лејкерс конечно победи. Ја прекинаа серијата порази со триумф над Денвер Нагетс 93-89. На овој меч Никола Јокиќ постигна 32 поени, 9 скока и 5 асистенции, а на другата страна Ентони Дејвис уфрли 25 поени со 7 скока. Токму „веѓата“ од Лејкерс во еден момент проба да куца преку Србинот кој остана ладен ко шприцер.
Двајца кошаркарски репрезентативци на Македонија беа во изборот на најдобри потези од претходното коло во шпанската Ендеса лига. Ненад Димитријевиќ на мечот против Уникаха залепи врвна банана, а натурализираниот Џејкоб Вајли куцаше во НБА стил против Реал Мадрид.
Кошаркарите на Њу Орлеанс имаа 10 секунди до крај за да ја анулираат предноста на Денвер од 2 поени разлика, а во драматичното бркање најприсебен беше Никола Јокиќ кој ѕверски го запели Зајон Вилијамсон за триумф на својот тим. Ете и во вакво издание го видовме.
Кошаркарите на Хувентуд ја забележаа и втората победа по ред. Овојпат во 34. коло ја совладаа Манреса со убедливи 96-68. Лидерот на македонската репрезентација Ненад Димитријевиќ постигна 14 поени, 2 скока и 3 асистенции за скоро 21 минута на паркетот.
На Никола Јокиќ синоќа му беше доволно само едно полувреме да запише дабл-дабл учинок, а потоа и со поштеда во вториот дел да го заврши мечот со 25 поени, 15 скокови и 5 асистенции во победата над Мемфис од 120:96. Момци џабе ќе се трудите да се вратите во одбрана.
Обично е смирен и насмеан и ретко да го видиме нервозен за време на утакмица. Но ете и на Дончиќ знае да му дојде преку дур па да му се сипе на судијата со српски пцовки кои ќе му ги прочитате од усни. Инаку ги реши и Лејкерски.
Тимот на Хувентуд и натаму ги чува шансите да игра во плејофот на шпанската АЦБ лига каде во 1. коло најверојатно ќе се судрат со Барселона. Најзаслужен за победата со која Хувентуд прекина серија од 3 порази беше македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ.
Кошаркарите на Астана славеа над Зелена Гора од Полска во ВТБ лигата со 88:82. Сосема доволен ќеиф за еден поинаков пречек на тренерот кога најмалку очекува. Ги води Емил Рајковиќ, но на честитање во соблекувална се појави неговиот помошник Сашо Тодоровски, исто од Скопје, инаку познат под прекарот Цефи.
Еднаш проба нешто да му каже на Јокиќ на српски, па му излезе руски зборот, а сега во обид да му рече на Лука „пријатно“, сурфаше на телефонот да види како треба и пак ја утна, а Дончиќ се изнасмеа. Адижо му рече :).