Кошарка

Дивац и Раѓа на тамбураши

Легендарната кошаркарска генерација на Југославија му оддаде почит и го испрати Дуда Ивковиќ во вечниот дом. Потоа дел од нив се задржаа во Белград на мало опуштање со хитови од Оливер Драгојевиќ, Халид Бешлиќ, Бајага...

30 години од формирањето на Дрим Тимот - екипата која без ниеден тајм-аут освои злато

Кон крајот на ’80-те години бистрите умови Бора Станковиќ (претседател на ФИБА) и Дејвид Штерн (легендарен комесар на НБА) размислувале како да организираат влез на професионални кошаркари во меѓународните натпреварувања како Олимписки Игри.

Дуда ја собра златната генерација на Југославија

По вчерашната комеморација во Белград, семејството, пријателите и еден куп луѓе од кошаркарскиот свет се простија од легендарниот Душан Ивковиќ. На погребот беше и Перо Антиќ.

Пау Гасол студирал медицина со цел да најде лек за Меџик Џонсон

Додека повеќето негови соиграчи слушале хип-хоп и се мајтапеле, високиот Шпанец бил посветен на медицинска литература, класична музика, свирење клавир и сериозно изучување педијатриска хирургија во Лос Анџелес.

Единствениот играч во историјата на НБА избркан поради голема килажа

Откако Севиља реши да преземе правни мерки и го раскина договорот со младиот француски бек Жорис Њањон поради неговиот непрофесионализам (вишок килограми подолго време), најдовме сличен но единствен таков случај во НБА.

Реакцијата на Меси кога Икарди го реши дербито

Сите рипнаа од клупа да се израдуваат на голот во 93-та вреден победа против Лион, само Меси стана на нозе, посматраше со ладен поглед и едвај аплаудираше. Не е добро ова за тимскиот дух, на кој Покетино со толку ѕвезди ќе има многу работа.

40 години богата кариера низ фотографии - ги воспитувал Дражен Петровиќ, Теодосиќ, Дончиќ, Богдан

Кошарката остана без еден од своите доктори. Душан Дуда Ивковиќ ќе биде запаметен како трофеен архитект на баскетот под чија диригентска палка поминаа многу врвни играчи.

Дуда Ивковиќ само една работа сакал повеќе од кошарката

Архитектот на кошарката кој освои еден куп медали каде и да предаваше, беше страстен љубител на гулаби. Гулабарството му беше најголемо хоби а оние кои го познавале од близу тврдеа дека повеќе го сакал овој вид занимација од кошарката.

Тајм аутот на Дуда, кога Македонија ја декласираше Србија на ЕП

Две години по епското Европско првенство во Литванија 2011, македонската кошаркарска репрезентација имаше лоша епизода на еврошампионатот во Словенија. Доби само еден натпревар и тоа токму против селекцијата предводена од легендарниот Ивковиќ.

Големиот Грег Поповиќ за Дуда Ивковиќ

Великанот на европската и светска кошарка Душан Дуда Ивковиќ почина во четвртокот во Белград на 78-годишна возраст. Пораки со сочувство до неговото семејство пристигнуваат од целиот свет, а за тоа колку Дуда беше голем покажа и пораката од еден од најдобрите НБА тренери во историјата.

Душан Ивковиќ, еден од најголемите умови во кошарката

На едно предавање во САД, Американците не можеле да поверуваат дека во 1979-та година популарниот Дуда ги гледал Меџик Џонсон и Лери Бирд на Фајнл фор во Колеџ лигата. Тогаш сфатил дека тренира играчи со ист квалитет. На трите Европски првенства со Југославија има 19 од 19.

УЕФА не му дозволи на Ајакс да игра со детал на дресот посветен на песна од Боб Марли

Правила се правила, велат од Нион каде стриктно се држат до прописите, дури и во ситуација кога некаде во Европа има симпатична приказна за романтичен фудбал.

Најсрамно нешто во спортот - кога Шпанците на Паралимпијада глумеле умствено заостанати и освоиле злато

Оваа фотографија подолу е направена на 24 октомври 2000-та година. Репрезентацијата на Шпанија бескрупулозно го слави триумфот на паралимпискиот турнир во кошарка со ID intellectual disabilities (ID).

10 години од „Леле што направивме“

Најлудачката и најлегендарната тројка во историјата на македонската кошарка бележи 10 години од постоењето. Ја постигна Владо Илиевски на ЕП 2011 и тоа против домаќинот Литванија на 11 секунди до крај. Цел живот ќе не ежи. 

Емотивниот говор на Кукоч и церемонијата за влез во Куќата на славните

По 8 години чекање, една од најголемите спортски легенди од Европа, кој доминираше во европската, а потоа и во американската кошарка заедно со Џордан и Пипен, заслужено се најде во друштво на великаните. Во публика беа Владе Дивац и Дино Раѓа.

Го видовте ли голот на месецот во Премиер лига?

Астон Вила после 3 кола има по 1 победа, 1 нерешена и 1 пораз во Премиер лигата. Гол разлика 5:4, а од петте гола два даде 29-годишниот Дени Ингс кој игра во одлична форма и се врати во англиската репрезентација. Голот кој го даде против Њукасл со полу-ножички е прогласен за гол на месецот во Премиер.

Едно минутен флеш бек каков играч беше Крис Вебер

Чекаше осум години, изјави дека го болело секоја година кога ќе видел дека не е на листата и конечно дочека. Крис Вебер и официјално на утрешната цереномија во Спрингфилд влегува во Куќа на славните, заедно со Пол Пирс, Крис Бош, Тони Кукоч и Бен Волас.

Најјаките 10 асистенции на Лука Дончиќ досега во НБА

Откако одигра блескава сезона во НБА, изморен од толку баскет, не зема одмор туку отиде во Литванија да проба на турнир да победи со неговата Словенија и да обезбеди прво историско учество на Олимписки Игри. Успеа во тоа, а во Токио Словенците стигнаа до полуфинале. Уште ќе ги памтиме неговите асистенции од минатата сезона.

Кренаа палица за да побараат фотка

Лука Дончиќ наиде на полициска патрола во Словенија која ќе се фали бајаги на работа. Имаа чест да побараат возачка дозвола од една од најголемите НБА ѕвезди, а моментот си го овековечија за спомен.

Кога една лута жена пред сала го убедила Шекил да ги намали цените на патиките

Легендарниот Шек на крајот од ’90-те години ја прекинал соработката со компанијата Rebook која правеше брендирани патики со неговиот лик и лого и кои чинеле од 130-150 долари.

Да ви покаже чичо како се игра баскет

Не е мит, се случувало во секое маало да дојде некој повозрасен господин во шорцеви и да ви покаже како се фрла хорок со извик: „Диваац“. А овој чичко им покажа една друга, школска фора.

Нетфликс документарец за најголемата тепачка во историја на НБА

Во ноември 2004. година во поранешната сала на Детроит Пистонс изби војна. Се тепаше кој со кого стигне и за малку армијата ќе интервенираше да смири страсти.

Бајиќ до кошаркарите: Немате памет за овој спорт

Македонската кошаркарска репрезентација се пласираше во квалификациите за Светското 2023-та, но со неочекуван пораз од Словачка од 72:88, кој ако изнесуваше 28 разлика, ќе извисеа. Селекторот Драган Бајиќ беше бесен на тајм аутите поради лошата игра, особено во одбрана и им се истури на играчите.

Забивање кое ги стаписа Леброн и НБА публиката

Во вторникот јунак на вечерта беше Грег Браун, 19-годишниот нов кошаркар на Портланд кој го избрал како 43. пик на драфтот. Пред една недела го потпишал својот прв професионален договор, а сега покажа зошто го бирале.