Македонија на тоа Европско доживеа дебакл и загуби од Црна Гора, БиХ, Литванија и Летонија. Се врати дома како 21-ва селекција, со само една остварена победа против Србија.
Нашите соседи тогаш ги водеше Дуда Ивковиќ, кој беше селектор на својата земја во периодот од 2008-ма до 2013-та. Истовремено две години беше тренер и на Олимпијакос со кој ја освои Евролигата 2011/2012, со Перо Антиќ во состав.
Македонија славеше убедливо со 89:75, Бо Мекејлеб беше најефикасен поединец со 27 поени, но Антиќ беше незадржлив под кошевите со 14 скока од кои 6 офанзивни, а постигна и 16 поени.
Темпераментниот Дуда кој беше познат по тајм аутите, во еден момент ги искара неговите кошаркари и им посочи повеќе работи за Антиќ, како на пример дека е најдобар дефанзивец во Европа.
Зборовите на легендарниот стратег гласеа вака:
,,Па добро бе мајката ваша, зошто не го чувате Антиќ? И зошто одите преку него во напад? Зошто одите кај него, тој е најдобриот дефанзивец во Европа, мислите ли дека случајно го земав кај мене во Олимпијакос? Што ви е, бре, се договаравме ли да не одиме преку Антиќ?
Не успеавме да најдеме видео од тој тајм аут, ама затоа имаме компилација од господарот на кошарката, како што го нарече Грег Поповиќ.
Хајлајтс од тој меч