Кошарка

Јас сум главен во режија и одлучувам дека на полувреме ќе се гледаат само женски

И тоа доста упорен режисеров во Црна Гора, оди смени канал да те видам. Чекаш да почне второ, за да тркнеш до веце.

Ѕверското забивање на Јанис Антетокунпо преку Јокиќ кој врати во рекетот

Во една ретка средба на европско тло меѓу две големи НБА суперѕвезди, Јанис Антетокумпо и Никола Јокиќ покажаа зошто се тоа што се во најдобрата светска лига. The Greek Freak имаше страшна партија со 40 поени, осум скока и пет асистенции, а Никола Јокиќ беше најефикасен кај Србите со 29 поени, осум скока и шест асистенции.

Фоторепортерска опсада во прв ред на мечот Србија - Грција

Новак Ѓоковиќ, Жељко Обрадовиќ, Дејан Бодирога и Драган Бјелогрлиќ синоќа им отворија многу работа на фоторепортерите во салата Штарк во Белград. Ноле, како и секогаш дочекан со аплаузи.

Јунакот на Македонија Нено: „Не знам ни самиот како влезе топката“

Најдобриот македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ кој летово направи ултра богат трансфер во рускиот Уникс Казањ, беше творец на најлудата тројка во историјата на нашата репрезентативна кошарка.

Спектакуларна тројка на Јокиќ во дуел еден на еден со Андетокумбо

Србија и Грција одиграа неизвесен и возбудлив натпревар во квалификациите за Светско кој го добија домаќините во продолженијата. Очите вперени кон Никола Јокиќ кој со феноменален шут за три ја запали публиката. Му скандираа МВП.

Ремек делото на Нено од пола терен за победа на Македонија над Данска

Македонската кошаркарска репрезентација приреди лудачки финиш во првиот претквалификациски дуел за ЕП 2025. При нерешен резултат, на премалку секунди да се организира последен напад, Ненад Димитријевиќ ги смрзна Данците во стилот на Стефон Кари.

Шекил О’Нил: „Се возев 20 часа со авион од САД до Австралија, еве зошто Земјата е рамна“

Култниот НБА центар кој има 50 години и кој ужива во разни земји, а летово беше и на хрватското приморје каде во друштво со Лука Дончиќ и Горан Драгиќ пушташе музика во улога на ди-џеј, ја разгоре дискусијата за тоа дали Земјата е рамна.

Најпознатите две банани на Дивац во кариерата - кога го залепи Џордан

По настапите во Слога Краљево и белградски Партизан, Владе Дивац се појавува на НБА  драфтот во 1989 а го бира славниот ЛА Лејкерс. Дивац станува првиот Европјанин со сериозен импакт во лигата а учи од менторите Карим Абдул-Џабар и Меџик Џонсон. Од тоа менторство произлезе и неговата дарба за банани која еднаш на своја кожа ја почуствува и најголемиот на сите времиња.

Дончиќ од кош на кош со една рака

И тоа без коски за време на подготовките за Европско. Што рака ќе имаше овој човек.

Џумбуз на роденденот на Богдановиќ со Јокиќ, Марјановиќ и Перо Антиќ

Богдан Богдановиќ реши да го одбележи 30-от роденден со сите нишани. Го покани поранешниот соиграч од Фенербахче, Перо Антиќ, а во страшен елемент на забавата му беа другарчињата од НБА, Никола Јокиќ и Бобан Марјановиќ. Тоа е тој кежуал понеделник во Белград.

Чии навивачи прават најжесток амбиент во европската кошарка?

Веќе неколку години меѓу навивачките групи трае една интересна дискусија која никогаш до крај не е разрешена. Кој европски кошаркарски клуб има најлуда домашна атмосфера: Панатинаикос, Олимпијакос, Фенербахче, Макаби Тел Авив, Црвена Звезда или Партизан.

Дончиќ и Драгиќ тренираа без раце со спуштен кош

И покрај тоа што ја бранат титулата на ЕП 2022, Словенците наоѓаат време и за релаксација на тренинзите пред Евробаскетот. Забавата ја предводи Лука Дончиќ.

Јокиќ му одржа лекција на свој соиграч

Дејан Давидовац важи за многу благодарен кошаркар од задача. Добар поентер, одличен одбранбен играч, мирен, повлечен, пристоен. Но кога лекција држи двократниот најдобар играч во НБА (МВП), тогаш ќе слуша и ќе молчи. Така беше во продолженијата од пријателскиот меч Словенија - Србија во Љубљана кој го добија „змајчеки“ 97:92.

Најинтересните моменти од шоуто во Љубљана меѓу Дончиќ и Јокиќ

Најголемите балкански ѕвезди во НБА лигата и на пријателски натпревар блеснаа како подготовка за престојното Европско. Словенија беше подобра од Србија дури во продолженијата.

За бизнисот со џорданки и заработката на Најк и Мајкл 1984 vs 2022

Тоа што легендата е во пензија едно 20 години, не менува ама баш ништо во касата на Најк, што значи по дифолт има многу пари и за Џордан. Односно сè повеќе и кај двете страни.

Чудесен потег на Дончиќ: погоди тројка од голема далечина седнат на клупа

Лука Дончиќ само што ја заврши сезоната во НБА, одмори неколку дена и веднаш и се приклучи на репрезентацијата на Словенија. 23-годишната суперѕвезда на Далас Маверикс на еден тренинг на Словенците постигнал неверојатен кош, во негов својствен стил.

Теодосиќ со песна и порака се прости од репрезентација

И покрај тоа што не е престарен и на 35 години игра на високо ниво во Виртус Болоња, Милош Теодосиќ не влезе во конечниот список на селектор на Србија, Светислав Пешиќ за Европското во кошарка кое стартува на 1 септември. Долгогодишниот капитен беше испратен од кампот на репрезентативците во кафански стил, со стихови во кои има порака.

Американската кошаркарка осудена на 9 години во Русија, може да ја спаси само некаков договор за размена

Химкинскиот суд во Подмосковје ја прогласи американската кошаркарка Бритни Грајнер за виновна за шверц и поседување наркотици и ја осуди на 9 години затвор и казна од 1 милион рубљи. Што е целата приказна со неа?

На Евробаскетот 11 репрезентации ќе играат со странски кошаркари

Триесет и едно годишниот Американец Лоренцо Браун кој е роден во Розвел (Џорџија, САД), е последниот натурализиран кошаркар во една репрезентација која ќе игра на Европското од 1. септември. И тоа не во која било, туку за Шпанија каде цела јавност крена глас зошто го викаат да им зема место на домашните играчи.

Од Џабар и Шек, преку Стеф Кари, Баркли и Поп: Цела НБА се простува со големиот Бил Расел

Стотици НБА играчи, тренери, чиновници и поранешни ѕвезди споделија свои мисли во знак на сочувство за иконата на Бостон Селтикс Бил Расел, најтрофејниот НБА кошаркар кој почина на 88-годишна возраст.

НБА тагува, се одјави големиот Бил Расел

Иконата на Бостон Селтикс и еден од најголемите кошаркари на сите времиња, Бил Расел, 11-кратен НБА шампион, почина на 88 години, „мирно“ како што соопшти неговото семејство во неделата вечер.

Шекил раскажа како си поминал со Лука Дончиќ како домаќин

Легендарниот Шекил О’Нил, еден од најдборите центри во НБА на сите времиња, летово настапи во Хрватска и Словенија каде пуштал музика во друштво на Лука Дончиќ.

Убаво е да се види ваква дрска игра под кош на наше дете

Храброто момче се вика Метин Саити, член на Македонија У-18, кој на мечот против Црна Гора го залепи на постер својот чувар, за овации на публиката.

ФИБА ни стави уште една додавка на името

Пацерски потег на ФИБА, која како светска куќа на кошарката не ја личи да прави вакви гафови. На мечот во Тбилиси во рамките на третото коло од Европското Првенство – Б дивизија за играчи до 20 години, имаш ова: