Кошарка

Лудо финале во Каунас, Реал Мадрид од бездна на тронот

Во неверојатна драма каква само кошарката може да изрежира, Реал Мадрид го совлада Олимпијакос во финалето на Евролига 79:78 со кош во самиот финиш и стигна до единаесетта евро титула. Серхио Љуљ јунак на мечот со единствените поени постигнати во последни секунди.

Јокиќ и Мареј ги растурија Лејкерси среде Лос Анџелес, Денвер е со една нога во финале

Нагетси се на само една победа до првото НБА финале во нивната историја. Водат 3:0 во Западната конференција.

Една е ќерка

Колку и да се губи меѓу големите, не можеш да го промашиш, твое си е. Никола Јокиќ после втората победа против Лејкерси во финалето на Западот.

Редок сеир на сметка на Леброн кој се посрамоти сам под кош

Еднаш и Кралот да заебе. Инаку мечот против Денвер кој поведе 2:0 во финалето на Западната конференција го заврши како најефикасен за својот тим со 22 поени, 9 скока и 10 асистенции и повторно за влакно не оствари трипл дабл.

Нова лекција на Јокиќ со трипл дабл, Денвер - Лејкерси 2:0

Нагетси ја одбранија и втората битка на домашен терен против Лос Анџелес Лејкерс пред серијата во финалето на Западот да се пресели на гостински терен. Импресивни 23 поени за Мареј во последната четвртина.

Шек и Баркли му дадоа нов прекар на Јокиќ

Легендите Шекил О’Нил, Кени Смит, Чарлс Баркли и Ерни Џонсон секоја емисија од уста не го видат Никола и на најновото издание го нарекоа Супермен.

Нова маестрална партија на Џими Батлер, Мајами му зема брејк на Бостон

Неверојатниот Батлер уфрли 35 поени среде „ТД Гарден“ во Бостон и му донесе водство на Мајами Хит во финалната серија со Селтикс.

Чаир во Струмица почна натпревар без противник на терен

Остај ти Јокиќ - Леброн и гледај каква кошаркарска претстава имаше кај нас и тоа во прва лига. Ако си оди Партизан, Жељко тука сакал да биде тренер.

Ненад Димитријевиќ стана шампион и доби МВП награда за најдобар играч

Репрезентативецот на Македонија Ненад Димитријевиќ беше еден од главните творци на шампионското славје на рускиот клуб УНИКС Казањ кој направи големо изненадување и ги совлада сите ривали во ВТБ лигата меѓу кои и побогати противници со реномирани играчи.

Јокиќ го научил ДеАндре Џордан три пати да се бакнуваат при поздрав

Триесет и четири годишниот центар кој играше за Клиперс, Маверикс, Никс, Нетс, Лејкерс и Филаделфија ’76, конечно си го најде гнездото во Денвер. Нагетс синоќа го совладаа ЛА Лејкерс во големото конференцинско финале. Јокиќ издоминира со 34 поени, 21 скок и 14 асистенции а на крај традиционално се поздрави со ДеАндре Џордан.

Трипл дабл број 12 во плејофот за Јокиќ, Денвер - Лејкерси 1:0

Спектакуларен старт за Никола Јокиќ во финалето на Западната конференција значи прва победа над Леброн Џејмс и дружината во битката најавувана како финале пред финалето во НБА лигата.

Луда тројка на Јокиќ како од шала

Ќе речеш на центарот работа му е да се рова под коша, ама нема, тоа е Јокиќ. Во еден момент е Шек, во друг Кари. И самиот рече дека шутов е луд на кој не е дека работел.

13 промашени слободни фрлања - нов рекорд

Дваесет и девет годишниот Дешон Фримен и нема некоја посебна кариера во САД и Европа, но прецизните љубители на баскетот го познаваат. Фримен сега ќе го запознаат и другите, но по еден негативен рекорд. На последниот меч на неговиот литвански клуб Невежис против силниот Жалгирис Каунас, Дешон промашил ДУРИ 13 слободни фрлања. По ред.

Јака анегдота за Бодирога во кафана во Врање

Еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, трофејниот Дејан Бодирога, како и многу негови соиграчи, по крајот на кариерата решил да инвестира и во некој приватен бизнис. Во еден период се занимавал и со производство на брашно, а од тогаш датира една врхунска анегдота.

Рекордна партија на Тејтум, Бостон е во финале

Крилото на Бостон Слетикс, Џејсон Тејтум одигра спектакуларна партија и со 51 постигнат поен на мечот со Филаделфија влезе на вечната листа најдобри поентери во НБА плејофот.

НБА ѕвезда прекина прес-конференција да се јави на мајка му

Мајами Хит се пласираше во големото конференциско финале на Истокот откако во полуфинале го елиминираше Њујорк Никс. Во целата серија меѓу овие два тима сјајни партии пружаше искусниот Бем Адебајо кој и синоќа во триумфот постигна 23 поени со 9 скока. После мечот на сред прес-конференција неочекувано му заѕвонел телефонот. На линија повик кој не се одбива.

По потекло од Тресонче, доби награда за најдобар стрелец во Евролига

Лидерот на грчки Олимпијакос кој ќе се бори за нова европска титула, Александар Саша Везенков ја доби наградата „Алфонсо Форд“ за најдобар стрелец сезонава во Евролига. Тој во просек бележеше по 17,24 поени по натпревар на 37 натпревари во елитната лига во чиј регуларен дел беше апсолутно најдобар играч.

„Ќе одам до Италија да гледам трки со коњи“

Најдобриот кошаркар во НБА според многу параметри, игра чудесна сезона и со уште еден нов трипл-дабл го разби силниот Феникс Санс за 4-2 и пласман во големото конференциско финале на Западот. Запрашан што ќе прави во меѓувреме додека го дознае ривалот (Лејкерс или Вориорс), Јокиќ искрено си кажа.

Кевин Дурант за Јокиќ

Поразен и разочаран, ама скроз реален и голем во изјавата. Првата ѕвезда на Феникс, искусниот Дурант, инаку двократен првак на НБА, а воедно и МВП во двете финалиња, после елиминацијата од Денвер за Србинот вели:

Нова ѕверска партија на Јокиќ и нов трипл дабл за финале на Денвер

Толку требаше. Само два дена откако ги растури дома, им отиде на гости и им ја заврши сезоната. Јокиќ го врати Денвер во финалето на Западната конференција по пауза од три години.

Асистенцијата на сезоната е дело на Лука Дончиќ

Тоа што го направи Словенецот на мечот против Индијана Пејсерс на 27 март е без конкуренција чудесија од пас на кој ниту едно друго додавање сезонава не може да му парира. Заслужено.

Јокиќ му подари баскет на газдата на Феникс Санс во знак на помирување

Денвер Нагетс и Феникс Санс играат супер дуели во полуфинале на НБА плејофот. Нагетс во моментов водат со 3:2 во серијата откако синоќа победија на свој терен. Никола Јокиќ беше главен актер на мечот со нов трипл-дабл учинок. Пред натпреварот тој му пријде на газдата на Феникс, Мет Ишби кој седеше во први редови, му подари кошаркарска топка и му се извини за епизодата од претходниот дуел.

Јокиќ купил некои шпански финти и фори

Со нова маестрална партија и нов трипл дабл: 29 поени, 13 скока и 12 асистенции Никола Јокиќ одново издоминира во плејофот и на својот Денвер Нагетс му донесе нова победа за 3:2 против Феникс во полуфинале. Во еден момент од третиот период додека на клупата на Феникс се црташе нешто вон тајм-аут што е забрането со правилникот, Јокиќ дојде и го закачна Дурент кој евтино наседна и доби техничка грешка.

Трипл-дабл на сјајниот Јокиќ, Денвер на чекор од финале

Кошаркарите на Денвер Нагетс го добија петтиот меч со силниот Феникс Санс 118:102 и поведоа на 3:2 во полуфиналето на Западна конференција.